Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)

Правник-идеалист и откачен Индијанец во битка против одметниците

Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Режија: Гор Вербински

Улоги: Џони Деп, Арми Хамер, Вилијам Фикнер

Времетраење: 149 минути

Јазик: англиски

Премиера: 3 јули 2013

Жанр: акција, авантура, вестерн

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 8.90 од 10)

Loading...Loading...

Режисерот, сценаристите и еден од главните ликови во овој филм беа заедно во „Пиратите од Карибите“ и создадоа еден од најинтересните серијали чии продолженија секогаш се очекуваат со нетрпение. Сега од Карибите се префрлија на Дивиот запад за да ја раскажат приказната за „Осамениот ренџер“, но наместо тоа ја добивме приказната за Тонто.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Главниот лик овде е Џон Рид (Арми Хамер), млад амбициозен правник кој е идеалист во поглед на примената на правото. Статусот на Осамен ренџер го добива кога сите Тексашки ренџери предводени од неговиот брат ќе бидат убиени од страна на бандата на бруталниот одметник Буч Кавендиш (Вилијам Фикнер), а тој ќе остане како единствен преживеан и единствен претставник на законот во борбата против криминалот. Преживува по желба на еден мистериозен бел коњ, реализирана од Тонто (Џони Деп), припадник на Команчите и последен ловец на злите духови вендиго. Џон веднаш се впушта во потрага по нив, но не за да го одмазди брат му, туку за да го изведе Кавендиш пред суд.

Тонто: „Осум луѓе влегоа во кањонот. Јас ископав седум гроба. Коњот вели дека ти си Духот што чекори. Човекот што бил на другата страна и се вратил. Човек што воопшто не може да биде убиен“.

Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Всушност, овој ренџер не е сосема сам, затоа што Тонто постојано му прави друштво каде и да оди, при тоа успевајќи да го украде и вниманието на гледачите. Иако во центарот на случувањата е ликот на Арми Хамер, откачениот лик на Џони Деп е најинтересниот во целиот филм. Се разбира, Џони извонредно ја игра улогата како и обично, потврдувајќи дека може да се претвори во што и да посака. Но, не се само изразите на лицето оние кои му даваат харизма на неговиот карактер, туку тој има и доста добри реплики кои на неговиот несовршен индијанско-англиски звучат многу интересно и додаваат хумор во филмот.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)Тоа што режисерот и сценаристите на овој филм се исти од „Пиратите од Карибите“ дава до знаење дека не се случајни две работи: тоа што Тонто потсетува на Џек Спероу и тоа што ликовите го носат инаку не многу инвентивното дејствие. „Осамениот ренџер“ не е филм во кој ќе се прашувате дали главните јунаци на крајот ќе го фатат олошот. Ова е само еден класичен холивудски 150-минутен производ исполнет со многу акција кој гарантира добра доза забава.Филм: Осамениот ренџер (The Lone Ranger)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар