Филм: Несакани ефекти (Side Effects)

Психолошки трилер обвиен со мистерија

Филм: Несакани ефекти (Side Effects)Режија: Стивен Содерберг

Улоги: Руни Мара, Џад Лоу, Ченинг Тејтум, Кетрин Зета Џонс

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 8 февруари 2013

Жанр: психолошки трилер, крими трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (23 гласа, просек: 9.39 од 10)

Loading...Loading...

Кога ќе почнете да го гледате „Несакани ефекти“ нема веднаш да сфатите каков филм сте седнале да гледате. Од самиот почеток режисерот Содерберг ќе ве воведе во една приказна во која работите изгледаат познато и предвидливо, потоа малку застранува од тоа, сè додека на крај не почнете да се сомневате дали воопшто знаете што сте гледале дотогаш.Филм: Несакани ефекти (Side Effects)Во него депресивната Емили (Руни Мара) е среќна што после четири години нејзиниот сопруг Мартин (Ченинг Тејтум) конечно излегува од затвор. Почнува со оптимизам да гледа на животот пред неа, но депресијата сè уште е присутна и ја наведува на обид за самоубиство. Го преживува ударот со автомобил во ѕид и завршува кај д-р Џонатан Бенкс (Џад Лоу), со кого се договараат за текот на психотерапијата и ѝ препишува некои лекови.

Д-р Бенкс: Депресијата е неможност да се создаде иднина.

Филм: Несакани ефекти (Side Effects)За жал, тие лекови не ѝ делуваат. Затоа д-р Бенкс ја контактира д-р Викторија Сиберт (Кетрин Зета Џонс), поранешниот психијатар на Емили. Таа му сугерира да проба со Абликса, нов експериментален лек којшто дава одлични резултати кај другите пациенти. Д-р Бенкс прво се колеба поради вториот обид за самоубиство на Емили, но на крај се решава да проба. Резултатите ќе бидат успешни, а Емили почнува да живее нормално. Нема никакви проблеми, освен тоа што месечари, што е несакан ефект од новиот лек.

Д-р Бенкс: Како оди?

Емили: Конечно можам да спијам. Имам и енергија. Имавме и секс.

Филм: Несакани ефекти (Side Effects)Но, токму тој несакан ефект од Абликса ќе го направи заплетот, кога за време на месечарењето Емили ќе го избоде до смрт својот сопруг. Ќе биде изведена пред суд, а д-р Бенкс ќе потврди дека не била свесна што прави во времето на извршувањето на убиството. Тоа неа ја ослободува од вина поради непресметливост, но кариерата на докторот е доведена во прашање поради тоа што ѝ го препишал лекот кој довел до убиството. Неговиот живот почнува да се распаѓа и околностите го тераат да тргне во борба за враќање на работите на местото каде што биле претходно. А, тоа ќе го однесе до резултати какви што тешко би можеле да замислите на почетокот.Филм: Несакани ефекти (Side Effects)Од тој момент ќе се препуштите на замрсеното и напнато дејство нетрпеливо чекајќи да видите каков пресврт ќе се случи во следните неколку минути. Приказната е одлично пренесена преку извонредните дијалози, а брилијантните актери одлично го надополнуваат сето тоа. Би било добро освен претходните неколку реченици да не знаете ништо друго за него за да може мистеријата да ја доживеете со сиот свој интензитет.Филм: Несакани ефекти (Side Effects)Често пати најдобрите филмови во годината излегуваат непосредно пред Оскарите, па затоа „Несакани ефекти“ одлично ќе дојде за овој период кој не изобилува со филмови кои можат квалитетно да го пополнат времето резервирано за филм. Немојте да се двоумите дали да го гледате, олку добри психолошки трилери не се појавуваат многу често во последниве години, затоа не треба да го пропуштите.Филм: Несакани ефекти (Side Effects)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Sanja Reply

    Aaaa mora da se gleda! :)

  2. Андријана Reply

    Веднаш го симнав откако го прочитав ова, и навистина вреди да се гледа 😀 Кој расплет! Чиста 10ка.

Остави коментар