20 филмови што секоја жена треба да ги изгледа

Некои филмови ве тераат да размислувате долго откако ќе ги изгледате. Некои ги гледате и веднаш ги заборавате. Тука се и филмовите кои се обожавани од понежниот пол. Верувајте, постојат филмови од овие последните кои не се романтични. Како жените, и тие можат да бидат повеќеслојни и непредвидливи. Погледнете 20 од нив.

1. „Живот во розово“ (La Vie en Rose)

(1)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Станува збор за приказна за француската дива Едит Пјаф, која водела долга борба за да живее, пее и љуби. Без сомнение ова е ремек-дело кое ја доловува вистинската атмосфера во Париз во времето на Пјаф. Гледаме дека Градот на светлината е сладок и романтичен само за оние кои не го познаваат.

2. „Џи Ај Џејн“ (G.I. Jane)

(2)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Иако е без комплицирани пресврти и без сцени со битки, сепак ова е можеби еден од ретките филмови кој навистина ни ја покажува силата на човечкиот дух, во овој случај посебно помеѓу жените. Овој филм содржи некои незаборавни сцени и дејството е совршено правејќи ја самата приказна класика.

3. „Насмевката на Мона Лиза“ (Mona Lisa Smile)

(3)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Овој филм ќе ве научи за вредноста на достоинството, гордоста и целта. Но тоа не е најважното нешто, туку фактот што ви покажува колку е клучно да мислите на себе. Благодарение на оваа поука и на добро одбраната филмска екипа, овој филм има универзална привлечност.

4. „Девојка од милион долари“ (Million Dollar Baby)

(4)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Овој филм е волшебен, најмногу поради приказот на реалноста. Ја покажува вистинската напнатост и бруталност на животот. Според некои овој филм е депресивен, но кога приказната е за млада девојка која сака да стане шампион во боксување, едноставно не можете да очекувате среќен крај.

5. „Ѓаволот носи прада“ (The Devil Wears Prada)

(5)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Модниот свет е навистина убав, но истовремено е и злобен. Дури и најмалиот неуспех може да ве доведе до дното. Иако е сличен со многу комични драми, сепак е одлично дело со убав заплет кој е оживеан од Мерил Стрип и Ен Хатавеј.

6. „Револуционерен пат“ (Revolutionary Road)

(6)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Кога ќе завршите со овој филм нема да можете да станете од креветот бидејќи ќе знаете дека сѐ што изгледавте е всушност наменето токму за вас. Сите ние може да избегаме далеку, како протагонистите во филмот, но никогаш нема да можеме да избегаме од самите нас.

7. „Кралицата“ (The Queen)

(7)20-filmovi-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mk

Овој филм го прикажува тешкиот период низ кој поминало кралското семејство по смртта на принцезата Дијана.

Филмските предлози продолжуваат на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар