17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

И покрај тоа што во 2016 година имавме можност да видиме епски филмски наслови, изгледа дека тоа беше само загревање за оваа година. Во продолжение следуваат најголемите 17 филмови за 2017 година што сите љубители на големото платно со нетрпение чекаат да излезат. Што мислите ти, кој од овие филмови ќе биде најголем хит?

1. Притаено зло: Последно поглавје (Resident Evil: The Final Chapter) – 27 јануари

5 години по последниот дел од франшизата, Мила Јововиќ се враќа на големото филмско платно за да ја заврши научнофантастичната хорор приказна што траеше повеќе од една декада.

2. Џон Вик: Второ поглавје (John Wick: Chapter 2) – 10 февруари

По сè низ што помина во првиот филм, што би можело да го поттикне Џон Вик да се повлече од пензијата?

3. Филм со Лего коцки за Бетмен (The Lego Batman Movie) – 10 февруари

Неодамна идејата за филм базиран на коцките Лего изгледаше многу смешно дури и да се изговори, но по успехот на првиот дел нè очекуваат уште многу продолженија.

4. Логан (Logan) – 3 март

Хју Џекман толку долго го игра Волверин што е речиси невозможно да се замисли друг човек во оваа улога! Додека тоа се случи, ќе уживаме во третото продолжение за омилениот мутант.

5. Конг: Остров на черепи (Kong: Skull Island) – 10 март

Не постои обид за преработка на класичниот оригинал што успеа да го достигне неговиот успех, но овој пат имаме можност да го видиме Конг во малку поинаква форма.

Преминете на втората страница за повеќе филмови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Hristijan Reply

    А каде е тука “ПИЛА”?! ,единствена легија која го промени светот.

    • Моника Трајковска Reply

      Интересно е колку големи филмови нè очекуваат годинава, едноставно невозможно беше да се соберат сите во една листа од 17 наслови… 🙂

Остави коментар