Разнобојните дрвја во Колорадо

Разнобојните дрвја во Колорадо

Со изразито бели стебла и листови кои магично ја менуваат бојата, јасиките претставуваат прекрасна глетка за секој, а неверојатна инспирација за фотографите. Тие ја менуваат бојата од летно зелена, светло златна, па сè до јако црвена. Ова е причина што многу туристи го посетуваат Колорадо наесен со цел да ги фотографираат овие дрвја додека се случува промената.

Разнобојните дрвја во Колорадо

Најдобриот период за ова е од средината на септември до средината на октомври кога всушност лисјата паѓаат. Во овој кус период, кој може да трае и само една недела, листовите се менуваат, а благодарение на фотографите имаме можност да ја забележиме таа промена и да се воодушевуваме на боите со кои нè зашеметува природата.

Разнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во КолорадоРазнобојните дрвја во Колорадо

Фотографот Џои Моран изгледа бил најсреќен од сите. Тој успеал да ги фати сите бои одеднаш. Тој за неговата слика (најгоре) вели:

„Виножито од бои на група јасики близу Аспен, Колорадо. Есента во Аспен е нешто што е многу тешко да се објасни. Толку е убаво, каде и да погледнеш има јасики кои се златни, црвени, портокалови и во многу други бои. Земјата е поплавена со злато од лисјата кои паднале.

Ја забележав оваа група дрвја покрај патот. Тоа беше најдобрата комбинација од дрвја која ја видов на целото патување. Застанав, си ги ставив слушалките и почнав да пешачам. Изгледаше како да е близу, но одев половина час за да стигнам до нив. Бев сосема сам, беше мртва тишина и го застанав за момент. Човеку… ова е убаво! Почнав да сликам, тоа траеше неколку часа и ова е тоа што произлезе.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар