Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

Замислете ја нареднава сцена. Се будите и од другата страна на вашиот кревет ве пречекуваат прекрасни планински изгрејсонца, опкружени со бистри извори и сино небо. Рускиот фотограф Олег Григориев нè носи на прошетка низ планините во својата серија фотографии наречена „Утрински погледи од шаторот“, во која тој ни ги покажува прекрасните пејзажи кои се на само еден чекор од него.

Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

Фотографиите се направени на планината Фан во Таџикистан од кампови кои се наоѓаат и до 4.700 метри надморска височина во околина каде што планините се извишуваат и до 5,5 километри надморска височина. Со оглед на нивната височина, воопшто не нè изненадува тоа што го гледаме Григориев како на секоја фотографија си ги одмара своите нозе.

Неверојатни утрински планински пејзажи направени од внатрешноста на шатор

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар