Музеј на Исламската уметност

Сместен во Доха, Катар, ова е музеј во кој традиционалната Исламска архитектура го пресретнува 21-от век. Извонредно и спектакуларно… Ова е објект кој е совршено изграден од страна на И. М. Пеи и е отворен за посетители пред околу 2 години.Музеј на Исламската уметностЗградата, како што може да се очекува, е под големо влијание на традиционалната муслиманска архитектура, меѓутоа спојот со модерното е тоа што ја прави уникатна. Музеј на Исламската уметностОвој музеј е прв од ваков вид во Персискиот Залив, расположен на 45.000 километри квадратни и сведочи за големите амбиции на неговите дизајнери.Музеј на Исламската уметностМузеј на Исламската уметностСабија Ал Кемир е основачкиот директор на овој прекрасен музеј од 2006 година. Таа е реномиран писател од Тунис, која е исто така, експерт за Исламската уметност и е позната по своите познавања во полето на културните разлики меѓу народите. Музеј на Исламската уметностИ. М. Пеи е одбран за главен архитект при проектирањето на овој музеј поради неговите огромни достигнувања во полето на архитектурата. Тој е, исто така, познат по изградбата на стаклената пирамида пред Лувр. Музеј на Исламската уметностЕдна од првите работи што Пеи ја направил при проектирање на овој музеј, е тоа што учтиво ги отфрлил предложените локации за неговата изградба. Во Доха скоро сите поголеми објекти се наоѓаат многу блиску до улиците, а според него градба од ваков тип морала да биде самостојна. Па така, музејот е изграден на остров од 60 хектари, подалеку од метежот.Музеј на Исламската уметностНо, што има внатре? Обично се вели: во толку грандиозни објекти однадвор, се наидува на разочарување одвнатре. Но, тоа не е случај со овој музеј. Всушност, зборот разочарување е последниот што би ви паднал на ум.Музеј на Исламската уметностФоајето, само по себе, е грандиозна мешавина од мермер, челик и стакло. Како и надворешните работи, така и внатрешноста е модерна со благи кривини на Исламската традиција. Сега, погледнете нагоре…Музеј на Исламската уметностПогледот од еден од погорните катови, надолу е запрепастувачки. Како што е архитектурата традиционална и прогресивна, така се и идеите кои лежат зад овој музеј. Целта на овој музеј е да ги едуцира луѓето за вредностите на муслиманската религија и уметност, како и за исламското наследство воопшто. На тој начин, со помош на историјата може да се разбере сегашноста во која се живее. Всушност, целиот објект е како сон на секој математичар. Идејата на музејот е да му даде на посетителот, не само пристап до прекрасни експонати, туку и да му овозможи патување низ времето, културите, религиите и епохите. Дури и кафетеријата е уникатна…Музеј на Исламската уметностОткако ќе завршите восхитувајќи ù се на архитектурата, на ред се експонатите. Музејот располага со предмети кои датираат од 600-тата година п.н.е, па сè до 19 век. Има по нешто за сечиј вкус, од благородни метали и каменоделство, до стакла, текстил и многу други предмети. Има важни колекции на ракописи кои се важен дел од Исламската култура.Музеј на Исламската уметностМузеј на Исламската уметностТука се прикажани периоди на војна и на мир. Ова е музеј кој има многу што да каже, а е малку познат надвор од Исламскиот свет. Можеби треба да помогнеме да се расчуе и подалеку?Музеј на Исламската уметност
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар