Mравките во едно поинакво светло

Mравките во едно поинакво светло

Талентираниот руски уметник Андреј Павлов изработил чудесни макро фотографии, во кои верувале или не, мравките се вистински. Тој ни прикажува едно поинакво секојдневие на работливите инсекти. Ако се водиме по неговите фотографии, слободното време на мравките, по многу наликува на нашето. Тие навистина знаат што е добра забава. 🙂 Фотосеријата е наречена „Приказни за мравките“.Mравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоПавлов претходно не бил особено заинтересиран за макрофотографирањето, сè до пред 7 години, кога го повредил ‘рбетот и не можел да се движи. Тогаш „паднал“ на шармот на мравките. Почнал да чита книги за нив и за нивното однесување. Бил фасциниран од тоа како постарите мравки во заедницата се грижат за послабите, најмалите и повредените. Заклучил дека овие инсекти се навистина за почит и почнал да ги набљудува и да ги фотографира. Ова преминало во негово омилено хоби.Mравките во едно поинакво светлоЗа да ги привлече мравките, тој користи најразлични работи, од светкави парички, па сè до неговите прсти. Научил дека тие имаат специфичен пат на движење. Сè што треба да направи е да ги најде, да ги нареди неговите реквизити по нивната патека, да ја намести опремата и да ги фотографира. Му требале околу три години, за како што вели, да оствари контакт со овие мали суштества.

„Докажано е дека мравките многу брзо учат.  Доволно е да го привлечете вниманието на само еден член на заедницата и да го натерате да направи трик. Другите, после некое време ќе започнат да го следат неговото однесување“, објаснува Павлов.

Mравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоКреативниот Русин, во фотографирањето на вредните инсекти ужива секоја година од мај до октомври. Во овој период заминува во неговата селска барака и интензивно се дружи со црвените шумски мравки.

Многумина, неговите фотографии ги нарекуваат лажни и фотошопирани. Ќе се согласите дека не можеме да ги обвиниме за ваквото размислување, бидејќи навистина е тешко е да се поверува дека некој може да истренира мравки, да позираат пред камера. 🙂 Како и да е, фотографиите се фантастични.Mравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светло

Можеби ќе ве интересира да ги видите и обоените мравки во жолта, зелена, сина и црвена боја?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар