Која карта е вистинска, а која е цртеж?

Сподели

Илустраторот Мајкл Крили започнал интересен проект наречен „Реалистични предизвици“. Тој ја дели подлогата на два еднакви дела, при што на едната страна го поставува вистинскиот предмет, а на другата креира негова реалистична репликација, која настанува како резултат на цртеж. Која карта е вистинска, а која е цртеж?Доколку не го гледате видеото, на прв поглед ќе ви се чини дека гледате две идентчно поткинати карти за играње, но ако подобро се загледате, ќе забележите дека едната од нив е сепак цртеж. Видеото е доказ за тоа.

Ова е третиот реалистичен предизвик кој пред себе си го поставил Мајкл. Првиот претставува репликација на бело стуткано парче хартија, а вториот – илустрирана имитација на пресечена печурка, нешто што дефинитивно треба да го погледнете доколку ви се допадна првото видео.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар