10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

Многу луѓе ќе ви кажат дека сакаат да ги гледаат ѕвездите. Но, и океаните на Земјата сè уште се неверојатна мистерија. Постојат толку многу суштества и феномени што не ги разбираме и има уште многу за истражување. Погледнете неколку фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните.

1. Подводни кругови

10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

Овие кругови имаат дијаметар и до 213 центиметри. Научниците биле навистина збунети кога прв пат ги забележале, за на крајот да откријат дека се направени од машка „надувана“ риба за привлекување женски риби.

2. Пукнатината помеѓу Евроазија и Северна Америка

10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

Наводно овие две тектонски плочи се одделуваат една од друга со брзина од 2,5 центиметри годишно. Овој факт навистина ќе ве натера да помислите како би изгледала Земјата за неколку векови.

3. Подводни реки

10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

Замислете, постојат подводни реки. Овој феномен се случува кога слатката вода се „среќава“ со посолена вода на дното. Разликата во густината предизвикува водата да создава слоеви наместо да се меша.

4. Среќавање на слатка и солена вода

10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

И во овој случај „виновник“ е различната густина. Слатката и солената вода нема да се измешаат, туку ќе создадат еден вид граница. Резултатот е навистина чуден и неверојатен.

5. Зелени зраци

10 фотографии од најневеројатните работи што се случуваат во океаните

Зелените зраци светлина понекогаш се видливи точно пред изгрејсонцето или веднаш по заоѓањето. Исчезнуваат многу брзо, но ако еднаш ги видите сигурно ќе ги помните засекогаш.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар