10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста - Part 2

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

6. „Книгата на животот“ (The Book of Life)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Станува збор за љубовна приказна со посебен шарм. Покрај фактот што мотивите на смртта се испреплетени во главниот конфликт, овој анимиран филм е полн со љубов и оптимизам. „Книгата на животот“ ќе ви даде чувство на утеха и верба.

7. „Порко Росо“ (Porco Rosso)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Секој цртан на Хајао Мијазаки е безвременско ремек-дело од аспект на сценарио и визуелни ефекти. „Порко Росо“ не е исклучок од ова правило. Станува збор за приказна за брилијантен пилот кој одеднаш се претвора во прасе, но сепак останува најчовечниот лик од сите останати. Благодарение на сцените со летање и прекрасните пејзажи, овој цртан филм е естетски совршен.

8. „Тајната на Келс“ (The Secret of Kells)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Брендан е 12-годишно сираче кое живее тивок живот во манастир со калуѓери. Но, животот на момчето се менува кога ќе го сретне Братот Ејдан, чуварот на необичната, недовршена книга на илуминации. Ејдан ќе му ја претстави уметноста на илуминациите на Брендан и ќе го разбуди неговиот неверојатен талент. Цртаниот филм содржи сѐ што можете да си замислите: Оригинален стил, интересна приказна и уникатни ирски музички мотиви.

9. „Барајќи ја Дори“ (Finding Dory)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

„Барајќи ја Дори“ е долгоочекуваното продолжение на популарниот цртан „Барајќи го Немо“. Овој пат, Марлин и Немо се во потрага по Дори, симпатична сина риба која го изгубила сеќавањето. Таа се обидува да ја победи болеста и да го најде нејзиното семејство. Овој прекрасен цртан ќе им се допадне и на децата и на возрасните.

10. „Ноктурна“ (Nocturna)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Една вечер додека сиракот Тим седел на покривот, видел како една ѕвезда паѓа од небото. Обидувајќи се да ја фати, момчето тргнува на неверојатно патување. Таа мистериозна ноќ сѐ е возможно да се случи. Ноќните суштества, жители на земјата Ноктурна, му ги откриваат сите нивни тајни на Тим и тој е единствениот кој може да ги спаси од опасноста што им се заканува. Интересен и волшебен, овој цртан филм несомнено ќе ве врати назад во детството.

Погледнете и кои се анимираните филмови од Дизни што никогаш нема да ги заборавиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар