Зошто зимската прошетка е најдоброто нешто што можете да го направите за себе?

Често слушате дека ладното време му годи на вашето здравје. Но, дали знаете кои се придобивките за вашето тело и ум од ниските температури? Во продолжение прочитајте ги десетте придобивки од ладното време.

Зошто зимската прошетката е најдоброто нешто што можете да го направите за себе?

1. Имате повеќе енергија

Дали сакате да бидете полни со енергија? Изложеноста на ниски температури, како на пример пешачењето на студ, ќе ве наполни со енергија која ќе трае со часови. Но, прошетките не мора долго да траат за да го постигнете тој ефект. Доволни се и само неколку минути, за вие да се чувствувате подобро.

2. Подобро спиете

Луѓето кои страдаат од несоници имаат повисока телесна температура, па спиењето во малку поладна просторија, на температура од 16 до 20 ᵒC, ќе им помогне да спијат подобро.

3. Студеното време го стимулира согорувањето на калории од кафеавото масно ткиво

Постои кафеаво масно ткиво што произведува топлина, а на бебињата им користи за регулирање на телесната температура. Кај возрасните, кафеавото масно ткиво е застапено во помали количини.

4. Вашите мозоци работат подобро

Докажано е дека на високи температури луѓето потешко носат големи и сложени одлуки. Топлото време побрзо ги исцрпува резервите од гликоза, а нејзиниот недостиг влијае на вашата способност за донесување одлуки.

5. Поради почистиот воздух дишете подобро

Зимата значи намалување на високите нивоа на озон што се вообичаени во пролетните и летните месеци. Поради свежиот, чист воздух, овој период од годината е идеален за престој на отворено, долги прошетки и дишење со полни гради.

6. Совршени температури за трчање

Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат кон крајот на есента? Ова е затоа што кога има пониски температури е полесно да се биде физички активен. Трчањето на топло и влажно време го исцрпува вашето тело. Истражувањата покажале дека трчањето кога времето е ладно, придонесува за согорување на повеќе калории за пократко време. И не заборавајте – треба добро да се облечете.

7. Студеното време ги намалува воспаленијата и ги „брка“ инфекциите

Воспалението на мускулите често се лекува со ставање мраз на воспаленото и болно место. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Многу спортисти користат криотерапија или ледена терапија при лекување на воспаленијата и повредите, а тоа значи дека се лекуваат со изложување на екстремно ниски температури.

Престојот на отворено ве прави поотпорни. Ова е затоа што бројот на клетки кои се борат со инфекциите, всушност, се зголемува кога сте надвор, изложени на ладното време.

8. Се чувствувате подобро во сопствената кожа

Кога е ладно не мора да се грижите за тоа како ви прилега костимот за капење, а тоа всушност ја зголемува вашата самодоверба. Исто така, тоа е годишното време во кое правите планови за започнување со вежбање, а донесувате и други важни новогодишни одлуки.

9. Повеќе ги цените деновите што доаѓаат

Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во области каде што е секогаш топло и сончево, всушност не се посреќни од другите. Луѓето имаат најдобро расположение откако ќе помине долгиот период од студени и мрачни денови. Затоа радувајте се што повторно ќе дојде пролетта.

10. Кога е ладно нема инсекти

Ниските температури ги убиваат инсектите како комарците и мувите, што значи дека не мора да се заштитувате од овие мали натрапници што може да пренесуваат болести.

Во продолжение можеби сакате да ги дознаете и 10-те видови храна што се одлични за здравјето во студените месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар