Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат

За вкусовите не треба да се расправа, но има некои комбинации на храна и напитоци кои се несоодветни, а сепак ги правиме. Во продолжение прочитајте само за дел од чудните комбинации на храна и напитоци кои некои луѓе ги обожуваат.

Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат

Чоколаден крем и помфрит

Слатко-солена и навидум неспојлива комбинација. Солта го подобрува вкусот и на тој начин ја зголемува перцепцијата за сладост во храната.

Кога мислите на оваа мешавина, помислете на спој од чоколадо и морска сол.

Кремот можете да го замените и со чоколаден милкшејк.

Чили во прав и овошје

Оваа слатко-лута комбинација на храна е популарна во Латинска Америка. Лутиот зачин и топлината ја зголемуваат сладоста на овошјето.

Можете да пробате чили со лубеница, манго, ананас, кокос, папаја, портокал или диња.

Кисели краставички и чедар сирење

Во Велика Британија оваа комбинација на храна е омилена. Трикот е во тоа да користите старо чедар сирење кое ќе ги намали горчината и солениот вкус на краставичките.

Ставете ги овие две намирници на парче леб и направете сендвич или ставете само краставички врз вашето чедар сирење за брза закуска.

Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат

Кавијар и бело чоколадо

Малата количина сол во белото чоколадо ќе го засили неговиот вкус и ќе го ублажи неговиот сладок вкус, затоа белото чоколадо може да се комбинира со солени состојки, а комбинацијата од кавијар и бело чоколадо е многу вкусен спој.

Кафе и портокал

Обично пиете сок од цеден портокал и кафе одделно пред појадокот, но ако додадете малку сок од портокал во вашето кафе, ќе добиете слатко-горчлива комбинација која ќе има совршен вкус.

Сланина и џем

Оваа комбинација има слатко-солен вкус, а откако ќе ја пробате, ќе жалите што не сте ја пробале порано.

Испржете две парчиња сланина, ставете ги помеѓу две парчиња леб и намачкајте со омилениот џем.

Или натопете парче сланина директно во џемот и засладете се.

Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат

Џин и малини

Ставете малку малини во вашиот џин-тоник и уживајте во овој освежителен пијалак со сите ваши сетила.

Кисели краставички и сладолед

Солта од киселите краставички е неопходна за циркулација на крвта и за метаболизмот, а шеќерот и мастите од сладоледот ќе ви овозможат брзо снабдување на организмот со енергија.

Кечап и темно чоколадо

Темното чоколадо во себе содржи нота на домат, така што оваа комбинација само ќе го засили вкусот и ќе го направи чоколадото уште повкусно. Двете намирници содржат арома на коријандер, благодарение на молекулите линалол, така што кога овие состојки ќе се соединат, вкусот станува уште посилен и поубав.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар