За дамите кои сакаат да доминираат: Секс позата „џокеј“ е сѐ повеќе во тренд

Позата „џокеј“ или „јавачка“ е идеална за оние припаднички на понежниот пол кои сакаат да имаат целосна контрола и да доминираат во сексот.

Па, што треба да знаете за техниката на оваа поза, којашто, како што името открива, изгледа така што мажот лежи, а жената е врз него и е свртена кон неговото лице?

За дамите кои сакаат да доминираат: Секс позата „џокеј“ е сѐ повеќе во тренд

Сексологот Семи Кол објаснува како оваа поза треба правилно да се практикува за да не би дошло до „технички грешки“.

„Прво што жената треба да направи е да го ‘зајава’ мажот како каубојка, за да се почувствува моќно и доминантно. Мажот во тој случај ја препушта контролата на својата партнерка. Тој би требало да ја држи за рацете и да ја свитка едната нога, а потоа да пенетрира во неа, сопирајќи се на секои неколку сантиметри при влегувањето, за да може да се опуштат мускулите. Обидете се тоа да го правите од неколку агли за да откриете кој агол ви е најдобар, односно во кој момент најмногу уживате“, изјавува Кол.

Таа додава дека позата е идеална за доминантните жени и дека воглавно тие се оние кои одредуваат кој агол е најдобар.

Исто така, Кол дополнува дека жените можат да стават превез преку очите на нивните партнери, на кој начин чувството за доминација би било уште побрутално, а тоа пак може да доведе до врвен оргазам.

Со таквото ограничување и „одземање“ на видот, се поттикнуваат другите сетила, па секој допир и движење се доживуваат значително попријатно.

Погледнете ги и овие 5 сензуални секс пози за подолготрајно водење љубов.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар