Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

Сексот не е само активност, туку и идеја. Нашите идеи за сексот се комплицирани, па со тоа го комплицираме и самиот чин. Но, ова не мора да биде вака.

Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

На почетокот, сè изгледа поедноставно бидејќи ве водат хормоните. Но штом во љубовта ќе се вмеша животот, можно е желбата за секс постепено да се намалува. Сексот станува поредок, а секој чин станува долг и сложен процес. Доколку партнерите се поврзани, тие ќе најдат и други начини за уживање – шетање, готвење, гледање филм… Доколку знаат дека слободното време што го имаат ќе го потрошат на секс, ќе чувствуваат само фрустрација. Поради ова, луѓето се одлучуваат и на живот без секс.

Овде улога имаат и годините. Можеби изгледате добро, но телото не реагира и не се однесува како кога сте биле во 20-тите. Доколку сметате дека страсниот секс значи долготрајна ерекција, влажност и оргазам, сигурно ќе наидете на проблеми. Поради тоа, важно е да се прилагодите на вашата сегашна ситуација.

Луѓето најчесто сакаат сексот да биде природен и спонтан. Но многумина одбиваат да се потрудите во врска со сексот, па се враќаат на ниво на адолесценција – започнуваат афери, се допишуваат со некого и остануваат заглавени со ниско либидо.

Решението е во сексуалната интелигенција, којашто ќе ја развиете кога ќе ги прифатите информациите од партнерот, вашите емоционални вештини и кога ќе станете свесни за вашето тело. На овој начин, можете да ја искажете вашата сексуалност.

Сите сакаат комбинација од блискост и уживање. Но нема да го добиете ова доколку за време на сексот се фокусирате на тоа како изгледате, мирисате или звучите. За да го подобрите сексуалниот живот, мора да престанете да си кажувате што не можете или не смеете.

Луѓето минуваат многу време обидувајќи се да ги спречат несаканите емоции за време на сексот. Се плашат од реакцијата на партнерот, па не кажуваат доволно за себе, но не прашуваат и што сака партнерот. Добриот секс бара доверба помеѓу партнерите и способноста да се прифати одбивањето. Исто така важно е партнерот да ве привлекува, не само физички, дури и ако тој не го мисли тоа.

За исполнувачки секс важна е уште една претпоставка – партнерот да може да се справи со сопствената непријатност, бидејќи веќе е возрасна личност. Секоја мисла која ве тера да се посомневате во вашите или во способностите на партнерот да управува со својата „возрасна“ сексуалност, го намалува задоволството.

Дознајте и какво е влијанието на нередовниот секс врз здравјето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар