Како да се справите со сувите и испукани стапала?

Летото е време на сандали, па како што наближуваат топлите денови, би требало да им се посветите на вашите стапала.

Како да се справите со сувите и испукани стапала?

Најчесто причината за лошата состојба на стапалата е неправилна исхрана, недоволно пиење вода, клима, стареење, некои болести, лоши обувки, како и недоволна хигиена. Меѓутоа, со само 15 минути дневно, можете значително да ја поправите состојбата на вашите стапала.

1. Купка за стапала

Секој третман за стапала започнува со купка. Имено, таа ги опушта умрните стапала, ја подобрува циркулацијата и ја омекнува тврдата кожа. Секоја вечер правете топла купка за стапала, во која можете да додадете есенцијално масло или малку морска сол. Најдобро е да користите масло од лаванда или еукалиптус бидејќи има антисептички својства и ги штити стапалата од габи и бактерии.

Наполнете сад со топла вода, потопете ги нозете и оставете ги внатре 15-тина минути. Правете ова секоја вечер пред спиење, сè додека не се подобри состојбата на вашите стапала. Потоа правете ја купката 1-2 пати неделно.

2. Пилинг

На стапалата им е потребен пилинг бидејќи со него се отстранува мртвата кожа. Можете да купите готов пилинг, а можете да направите и самите. Измешајте маслиново масло, кафеав шеќер и морска сол. Нанесете ја смесата на тврдите делови од стапалата и добро истријте. Доволно е да правите пилинг 1-2 пати неделно.

3. Крем за стапала

По пилингот, измијте ги стапалата и темелно исчистете ги. Влагата на стапалата може да го поттикни развојот на габи. Потоа намачкајте ги стапалата со квалитетен крем. Наместо крем за стапала, можете да користите шеа путер, какао путер, бадемово или кокосово масло.

Додека го нанесувате кремот, можете да направите и блага масажа. Со прстите направете неколку кружни движења по стапалата, а потоа притискајте ги по нивната должина. Не заборавајте и на ножните прсти.

После купката, пилингот и масажата, облечете чисти памучни чорапи. Оставете ги на нозете барем 4 часа, а можете и да преспиете со нив.

Нега за секој ден

Грижете се за вашите стапала секој ден. Одржувајте ги нозете чисти и суви и зголемете го количеството на вода.

Пробајте ги и овие евтини и брзи решенија за испукани пети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар