Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ

Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ

Сирењето и спанаќот се добра комбинација во пити, a наместо спанаќ, можете да користите блитва или коприва, да додадете пржени коцки сланина, па дури и да си поиграте со неколку различни видови стопени сирења.


Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ

Потребни состојки:

Тесто:

  • 250 гр брашно
  • 125 гр путер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 јајце

Полнежот:

  • 400 гр спанаќ
  • 250 гр урда
  • 100 гр фета сирење
  • 1 мал кромид
  • 250 милилитри павлака
  • 1 јајце
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Исечете го путерот на парлиња. Измешајте ги сите состојки за тестото, а потоа месете со рацете и формирајте топка. Расукајте го и ставете го тестото во подмачкан калап за пити.
  2. Спанаќот сварете го во вода минута или две, а потоа исечкајте го. Исечкајте го и кромидот и пропржете го, па додадете го спанаќот и кратко пропржете уште еднаш. Оставете да се олади. Измешајте ја урдата со павлаката и додадете ги јајцето и фетата. Сè добро измешајте и додадете го спанаќот.
  3. Ставете ја смесата врз тестотот. Покријте го тестото со алуминиумска фолија и печете околу 20-30 минути на 180-190 степени Целзиусови.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар