Рецепт за кремаст пијалак од лимета, кокосово млеко и безалкохолно пиво

Рецепт за кремаст пијалак од лимета, кокосово млеко и безалкохолно пиво

Ќе ви требаат само неколку состојки за да го подготвите овој освежителен летен пијалак.

Рецепт за кремаст пијалак од лимета, кокосово млеко и безалкохолно пиво

Потребни состојки:

  • сок од една лимета
  • кора од една лимета
  • ливчиња нане
  • 400 мл кокосово млеко
  • прстофат морска сол
  • 400 мл безалкохолно пиво со арома на ѓумбир

За декорација:

  • рендана кора од лимета
  • 1-2 лажици шеќери
  • коцки мраз со ливчиња нане

Начин на подготовка:

Во сад за коктел ставете ги кокосовото млеко, пивото со вкус на ѓумбир и солта и нежно протресете. Додајте ги сокот и кората од лимета и неколку лисја од нане. Промешајте добро. Додајте коцки мраз. Натопете го горниот дел од чашата во мешавина од шеќер и рендана кора од лимета. Послужете го освежителниот пијалак ладен.

Погледнете како да го подготвите овој ладен пијалак од ванила и лаванда за топлите летни денови.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар