Рецепт за денес: Плескавици од сардини

Погледнете како да направите лесен, необичен и вкусен оброк со кој ќе го израдувате целото семејство.

Рецепт за денес: Плескавици од сардини

Потребни состојки:

  • 500 грама сардини
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 китка магдонос
  • презла
  • сол, бибер
  • масло за пржење
  • мајонез или тартар сос
  • 4 лепиња
  • зелена салата

Начин на подготовка:

Исечкајте ги сардините, кромидот, лукот и магдоносот и измешајте ги во голем сад со 2-3 лажици презла. Ако смесата е премногу влажна, додајте повеќе презла. Важно е од смесата да можете да обликувате плескавици што нема премногу да се лепат на вашите раце.

Ставете ги плескавиците уште еднаш во презла и пржете ги на средна температура додека не поцрвенат. Ставете ги на кујнска хартија за да се апсорбира вишокот мрснотии. Послужете ги со лепињата кои кратко ќе ги затоплите во истата тава.

Ставете зелена салата и плескавица на една половина. Премачкајте со мајонез или со тартар сос и преклопете со другата половина од лепињата.

Погледнете ги и овие рецепти за посни торти што не се печат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар