Природна маска за нега на кожата со само 3 состојки

Природна маска за нега на кожата со само 3 состојки

Направете природна и здрава маска за нега на кожата на лицето

Потребни состојки:
  • 1 лажица какао во прав
  • 3-5 супени лажици блендирана папаја
  • 1 лажица гел од алое вера
Начин на подготовка:

Сè што ви е потребно за да ја направите оваа маска се состојките и сад за мешање. Ставете ги сите состојки во садот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја смесата на кожата и оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа исперете со млака вода.

Придобивки:

Оваа маска ја одржува кожата млада и сјајна. Алое Верата е полна со разни витамини (А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12) што помагаат при хидратација на кожата, правејќи ја со нежна текстура и давајќи ѝ сјај. Во комбинација со папајата, која помага при регенерација на кожата, таа може да направи чуда и да ја врати отпорноста на вашата кожа. Какаото помага најмногу при стимулирање на циркулацијата.

Дознајте и кои 15 видови храна можете да ги користите како природни продукти за убавина.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар