15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Навистина е изненадувачко тоа што не сме сфатиле дека хранливите материи во храната не се добри само за јадење, туку дека можат да бидат добри и за надворешниот дел од телото. Покрај тоа, навистина се поевтини отколку козметичките продукти од познатите брендови, немаат никакви презервативи и се 100% природни. Погледнете кои видови храна можете да ги употребувате и како козметички продукти.

1. Папаја

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Папајата е полна со витамини и минерали кои се борат против акните, како витамини А и Ц, бета хидроксилна киселина, папаин и калиум. Папајата може да ја ексфолира вашата кожа, да ја осветли и да направи да блеска.

Начин на подготовка:
  • Испасирајте 3-5 лажици папаја
  • Додајте 1 лажица мед
  • Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 10-15 минути
  • Исплакнете со топла вода

2. Јаболка

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Јаболката се полни со витамини Ц и А и бакар, а тие се одлични за поправање, заштита и потхранување на кожата. Маската од јаболка е одлична за мрсна кожа.

Начин на подготовка:
  • Измешајте 2 рендани или исечкани јаболка, 1 лажичка урда и 1 лажичка лимонов сок
  • Направете паста, нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 минути
  • Исплакнете со топла вода

3. Јагода

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Јагодите се одлични за мрсна кожа и кожа склона кон акни. Витамините и антиоксидансите ќе го направат вашето лице неверојатно.

Начин на подготовка:
  • Испасирајте 3 јагоди
  • Додајте 1 лажица мед
  • Нанесете на чисто лице и оставете да делува 15 минути
  • Исплакнете со топла вода

4. Авокадо

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Авокадото е богато со антиоксиданси, а ова го прави одличен продукт за борбата против стареењето. Бидејќи има омега 3 и омега 6 масни киселини, како и витамини Е, Ц и К, оваа маска е одлична за хидратација.

Начин на подготовка:
  • Излупете половина зрело авокадо
  • Испасирајте го во сад
  • Додајте 1 лажичка лимонов сок
  • Нанесете на кожата и оставете да делува 15 минути
  • Исплакнете

5. Кокосово масло

15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина

Кокосовото масло има антигабични и антибактериски својства, па е одлично доколку имате акни. Можете да го користите како крема за хидратација, или можете да го користите за чистење и отстранување шминка – за разлика од минералните масла не ги затнува порите.

Кокосовото масло е ефективно и за избелување на забите. Не ги избелува, туку ги отстранува слоевите и нечистотиите што им даваат жолта боја.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар