Астрологијата открива: Што посакува неговиот хороскопски знак?

Астрологијата открива: Што посакува неговиот хороскопски знак?

Доколку сакате да знаете кои се оние нешта кои тој ги посакува кај една девојка, што го возбудува и на што не може да одолее, тогаш продолжете со читање. Доколку ги запомните овие совети од астрологијата, големи се шансите дека уште долго време ќе го задржите покрај себе…

Астрологијата открива: Што посакува неговиот хороскопски знак?

Овен

Овенот ужива кога е нечиј трофеј. Тој сака прво да се покаже, а дури потоа да води љубов. Исто така очекува да му одадете признание и да му се восхитувате кога сте во негово друштво. Од друга страна, тој не поднесува кога флертувате со други мажи.

Бик

Биковите се сјајни љубовници. Тие најмногу уживаат во фина вечера по која следува бакнување од глава до пети. Погрижете се амбиентот да биде декориран со луксузни детали, а атмосферата мирна и очекувајте награда за трудот. Биковите не сакаат да спијат во туѓ кревет.

Близнаци

Иако се облекуваат провокативно, поголемиот дел од Близнаците не се многу заинтересирани за секс. Тие обожаваа флертување и длабоки разговори кои му претходат на самиот сексуален однос. Откако ќе ги одвлечете во кревет, мора да најдете начин како да ги натерате да останат верни. Најдобро е доколку секогаш ги држите во неизвесност, бидејќи тие се љубопитни по природа.

Рак

Ако ве привлекува личност родена во знакот Рак, подгответе се да го освоите неговото его. Тој бара многу внимание и тежнее за физички контакт, приврзаност и емоции. Вие ќе мора постојано да ја докажувате својата љубов доколку сакате да останете заедно, а тоа значи дека пред сè, ќе мора да ги одржувате вашите ветувања. Ако не ви верува, нема сексуално да може да се опушти.

Лав

Ако излегувате со личност родена во знакот Лав, тогаш потрудете се без прекин да му делите комплименти кои се искрени. Пофалете ги неговите неверојатни способности поради кои добро заработува и погрижете се да знае дека го доживувате како гениј.

Девица

Девицата најчесто има проблеми со контролата. Таа има тенденција да измисли свој свет и потоа да живее во него. Најчесто се работи за практичен свет, чија цел е достигнување долгорочен план. Нив ништо не ги возбудува повеќе од самата идеја за обврски.

Вага

Мажите родени во овој знак имаат вродена смисла за хумор која е на некој начин програмирана да одбива секаков вид интимност. Вам ќе ви биде потребно многу време за да добиете искрен одговор од него, бидејќи хуморот го користи како одбранбен механизам за да се заштити од повреди.

Скорпија

Скорпиите ги мотивира љубомората. Тие посакуваат девојка за која знаат дека и другите мажи копнеат. Токму затоа и целосно се фокусираат на физичкиот изглед, па ако сметаат дека сте пожелни, без разлика каква личност навистина сте, тие нема можат да ви одолеат.

Стрелец

Ова сензуално суштество обожава храна и пијалаци, како и парфеми и сè друго што добро мириса. Стрелците не сакаат љубомора, ниту обиди за контрола, а сакаат да делуваат недостижно. Бидејќи станува збор за знак кој симболизира патување, имајте на ум дека со малите авантури можете засекогаш да ги задржите покрај себе.

Јарец

На Јарците им е најпријатно кога се сигурни дека зад нив стои личност со огромна поддршка и безусловна љубов. Кај мажите во овој знак можете соберете поени само со вашето присуство покрај нив – на вистинско место, во вистинско време. Тие се склони кон луксуз.

Водолија

Омиленото сценарио на секоја Водолија е седење и долго разговарање со личноста која ја сакаат. Тие сакаат да зборуваат за себе и своите долгорочни планови, па токму затоа погрижете се да го споделите со нив ентузијазмот околу планирањето на иднината. Бидејќи овој знак ужива во модата и културата, вие лесно можете да го освоите со беспрекорен стил.

Риби

Рибите сакаат да поделат сè со вас, дури и парите, бидејќи сметаат дека заедничката сметка во банка е многу секси. Сепак, емоционално се многу несигурен знак. Вие постојано мора да ги уверувате дека се број 1 за вас доколку сакате да ги задржите покрај себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар