Необична, но ефикасна идеја: Мајка му помогнала на своето бебе да дише полесно со вибратор

Необична, но ефикасна идеја: Мајка му помогнала на своето бебе да дише полесно со вибратор

На некои родители можеби ова ќе им делува како луда и глупава идеја, но оние што пробале сè препорачано за да му помогнат на своето најмало, и не успеале, би направиле сè за да му го олеснат дишењето на бебето, особено кога станува збор за цистична фиброза. Имено оваа метода може да се искористи секојпат кога бебето има проблеми со кашлање и отежнато дишење. Нежните вибрации од вибраторот на градниот кош помагаат при ослободување на насобраната слуз, притоа олеснувајќи му го на бебето справувањето со болеста.

Токму поради неочекуваната ефикасност на овој метод, една мајка решила да сподели фотографија од своето бебе што го држи над пареа, со вклучен вибратор на неговиот грб. Бидејќи ништо до тој момент не помагало, таа решила да оди со алтернативен совет за да го олесни кашлањето на нејзиното бебе и да ѝ помогне полесно да дише. Според неа, брзо по применувањето на третманот, можело да се забележи огромна разлика. На малечката сега ѝ е многу подобро.

Пред да одлучите дали ќе го примените овој метод или целосно ќе го исфрлите од вашето сеќавање, имајте на ум дека многу болници и респираторни терапевти користат слични методи за третмани во болнички услови. Тоа е вообичаена пракса, како што можете да прочитате и на самата објава од мајката. Универзитетот во Мичиген препорачува слична техника за помош на децата што страдаат од цистична фиброза, со тоа што нивната препорака вклучува рачни вибрации.

Многу родители и медицински експерти коментирале на оваа фотографија, а во продолжение ви извлекуваме неколку:

„Детето ми кашлале четири недели и пробавме сè. Има респираторен синицијски вирус. Откако ја прочитав оваа објава, веднаш отидов да купам вибратор. Тој навистина помогна.“

„Нашиот респираторен терапевт уште веднаш ни ја предложи оваа идеја, бидејќи нежните вибрации ја ослободуваат слузта и помагаат при полесно искашлување. Токму тоа може да го спречи воспалението на белите дробови, како и да спречи голем број други проблеми.“

„Ви благодарам на сите за поддршката! Убаво е да се види како мајките се снаоѓаат и ги користат достапните производи за да им помогнат на своите деца, без притоа да им биде непријатно. Ова е нешто што навистина мора да се запомни.“

Дали вие некогаш сте го пробале овој „трик“? Споделете го вашето искуство во коментарите подолу…

До сите нови мајки: Дознајте зошто НЕ СМЕЕТЕ да дозволите да го бакнуваат вашето новороденче!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар