Првиот бизарен тренд за 2019-та година: Панталони со различни ногавици

Изминативе неколку години видовме навистина секакви видови панталони – од провидни модели, па сè до модели со танга. Веројатно сметате дека не треба премногу да се експериментира со ова парче облека и дека сигурно сте виделе веќе сè.

Првиот бизарен тренд за 2019-та година: Панталони со различни ногавици

Но дизајнерите не се согласуваат и оваа година се појавија панталоните со различни ногавици. Панталоните се дело на украинската дизајнерка Ксенија Шнајдер и имаат две различни ногавици. Најверојатно се наменети за неодлучни девојки кои не знаат кој модел би им стоел подобро. Доколку сепак ви се допаѓаат, добро е да знаете дека нивната цена е неверојатни 300 евра.

Првиот бизарен тренд за 2019-та година: Панталони со различни ногавици

Интересно е што дизајнерката го смислила моделот уште пред неколку сезони, но мислела дека е „премногу луд“ и дека не му е потребен никому.

„Пред неколку месец сфатив дека сепак му се потребни на некој, а тој некој сум јас“, изјавила Ксенија.

Првиот бизарен тренд за 2019-та година: Панталони со различни ногавици

Дизајнерката додала дека се надева дека нејзините откачени панталони барем ќе ги насмеат луѓето. Дали би ги носеле овие панталони?

Погледнете и кои модели на чевли ќе владеат во 2019-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар