Што се случува со вашите тело и мозок кога слабеете?

Што се случува со вашите тело и мозок кога слабеете?

Од секои 5 килограми сало што ги „губите“, околу 3 килограми издишувате, а останатиот дел се претвора во пот, солзи, урина и други телесни течности. Но намалувањето на тежината не е само за да ги намалите масните наслаги на стомакот, во текот на овој процес целото ваше тело минува низ многу промени. Понекогаш можете да добиете и навистина неочекувани резултати. Па погледнете што всушност се менува и се случува со вашите тело и мозок кога ќе се ослободите од вишокот килограми.

Што се случува со вашите тело и мозок кога слабеете?

1. Ќе ви се зголеми нивото на енергија

Првото нешто што ќе го забележите откако ќе почнете со слабеење е зголеменото ниво на енергија. Причината е едноставна – колку помалку тежина носите, толку повеќе енергија зачувувате за други важни работи. Покрај тоа слабеењето ја подобрува ефикасноста на кислородот, па повеќе нема да се задишувате кога се качувате по скали или кога трчате да го фатите автобусот.

2. Ќе се подобри вашата меморија

Мозокот е уште еден орган што ги чувствува придобивките од слабеењето. Некои истражувања покажувале дека ослободувањето од вишокот килограми може да ви ги подобри когнитивните способности, како на пример, планирањето и организирањето. По слабеењето, мозокот станува поактивен кога складира нови сеќавања, па поради тоа му се потребни помалку ресурси за да ја најде потребната информација.

3. Ќе се исчисти вашата кожа

Со слабеењето не само што ќе се чувствувате поздраво, туку и ќе изгледате поздраво. Многу луѓе кои почнале да водат поздрав живот и да слабеат забележале неверојатни промени во нивниот изглед – кожата им се исчистила и престанала да се лупи, косата им станала погуста, а ноктите поцврсти.

4. Повеќе нема да чувствувате болка во колената

Ако ослабите и само 1 килограм, намалувате околу 2 килограми притисок од колената. Замислете си колку ќе ви бидат благодарни колената за ова. Покрај тоа слабеењето, особено намалувањето на мастите околу стомакот, може да ги намали симптомите на артритис и другите болести на зглобовите.

5. Симптомите од алергиите ќе се ублажат

Вишокот килограми го оптоварува респираторниот систем, па доколку имате некоја сезонска алергија таа само ќе се влоши. Но, како што ќе слабеете, така ќе почнете и да забележувате дека симптомите на алергијата се намалуваат бидејќи дишните канали се почисти.

6. Ќе се смалат вашите стапала

Кога ќе се ослободите од вишокот килограми ги губите мастите од целото тело, вклучувајќи ги и вашите стапала. Па немојте да паничите доколку омилените чевли одеднаш ви изгледаат големи. Истото ќе се случи и со вашите дланки.

7. Ќе станете почувствителни на ниски температури

Како што слабеете, буквално ќе ја изгубите „прекривката“ од сало што го топли вашето тело. Без овој екстра слој, телото ќе стане почувствително на промените на температурата, особено кога е постудено. Друга причина што повеќе ќе го чувствувате студот е тоа што ќе се забави вашиот метаболизам. Вашето тело ќе се обидува да штеди што е можно повеќе енергија бидејќи веќе ги нема вишокот калории.

8. Ќе се промени вашиот менструален циклус

Нивото на хормоните е поврзано со телесната тежина. Па, кога слабеете или се дебелеете ендокриниот систем трпи одредени промени. Покачувањето и намалувањето на нивото на естроген и тестостерон може да резултира со нередовен менструален циклус, пообилно крвавење и подолга или пократка менструација.

9. Ќе имате помалку главоболки

Иако дебелината не е директно одговорна за главоболките, таа го зголемува ризикот од мигрена за 50%. Според теоријата поддржана од експерти, масните клетки ги зголемуваат воспаленијата во телото, а во одредени ситуации овие воспаленија предизвикуваат мигрени. Поради ова слабеењето може да ја намали интензивноста и бројот на главоболките.

10. Ќе ви се зголеми апетитот

Кога слабеете го намалувате нивото на хормонот лептин кој се ослободува од масните клетки и му дава сигнал на мозокот дека сте сити. Кога телото се обидува да го врати нивото на лептин во нормала, можете да почувствувате зголемен апетит и силна желба за мрсна и калорична храна. Но немојте да се откажувате, овие симптоми ќе исчезнат штом вашето тело се навикне на новиот животен стил.

11. Ќе престанете да рчите

Истражувањата покажале дека губењето само 5% од телесната тежина ќе ви помогне да спиете подобро и подолго во текот на ноќта. Изгледа дека и најмалото слабеење го намалува вишокот сало околу вратот, кое обично ги блокира горните дишни патишта и предизвикува рчење, а понекогаш и апнеа. Кога ќе го нема овој проблем, квалитетот на спиењето значително се подобрува и ќе ви стане полесно дополнително да ослабите.

Прочитајте ги и овие кратки совети за лесно слабеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар