Песната што треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак

Ако ја барате љубовната песна што сакате да ја слушате на Денот на вљубените, вашиот хороскопски знак може да ви помогне во изборот.

Песната што треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак

Без разлика дали сте мечтателна Вага која копнее да слуша песни полни со фантазија и чувства или Скорпија кој секогаш знае да избере совршена песна за Денот на вљубените, треба само да им се препуштите на емоциите и да уживате во музиката.

Некои парови можеби сакаат да излезат на состанок со цвеќиња и бонбони, други можеби претпочитаат да го поминат празникот во поинтимна атмосфера. Без оглед на вашиот стил за Денот на вљубените, астрологијата може да ви помогне да го пронајдете вашиот идеален „саундтрак“.

Овен: „All Of Me” од John Legend

Огнениот знак Овен многу брзо се вљубува. Тој сака песни во кои се пее за целосно предавање во прегратките на партнерот.

Бик: „Lingerie” од Lizzo

Нема подобар придружник од песнава додека Бикот го очекува својот партнер во удобноста на вашиот дом.

Близнаци: „Hate That I Love You” од Rihanna Ft. Ne-Yo

Слатките Близнаци можат да бидат малку неодлучни во врска  срцето. Затоа ја сакаат оваа песна од Ријана и Не-Јо која пее за љубовта, но и ја доведува во прашање.

Рак: „She Will Be Loved” од Maroon 5

Исто како и Адам Левин, на Ракот нема да му пречи да стои на вашата улица додека врне, чекајќи лудо да се вљубите во него.

Лав: „Love Myself” од Hailee Steinfeld

Омилената песна за Денот на вљубените на Лавовите им е песната со порака да сакаш себе си.

Девица: „Let Me Love You” од Mario

Вредната Девица ги покажува своите чувства со дела, а не со зборови. Токму како што се пее и во песнава.

Вага: „Make Me Feel” од Janelle Monáe

Мечтателната и имагинативна Вага во истиот момент се буди и ѝ се предава на фантазијата, љубовта и нотите од песнава.

Скорпија: „Take A Chance On Me” од ABBA

Мистериозни и таинствени, Скорпиите не дозволуваат партнерот лесно да ги разоткрие, но овој Ден на вљубените можеби ќе се „предадат“.

Стрелец: „Blank Space” од Taylor Swift

Секој Стрелец има долг список на поранешни љубовници и овој знак сигурно нема недостиг од приказни за романтични ноќи и авантури. Затоа им се допаѓа оваа песна за живеење во моментот.

Јарец: „I Will Always Love You” од Dolly Parton

Не се залажувајте дека е ова песна од Витни Хјустон – оваа балада оригинално е од кралицата на кантри музиката Доли Партон. Сериозниот Јарец сака да слушне песна за целосната посветеност на Денот на вљубените, особено во оригиналната верзија.

Водолија: „That’s Amore” од Dean Martin

Кој може да не се насмее кога зборот „пица“ се користи во љубовна песна? Неконвенционални и креативни, тие посакуваат чудни љубовни песни на Денот на вљубените.

Риби: „Adore You” By Harry Styles

Рибите се спремни да поминат низ оган за вас, бидејќи тие само сакаат да ве обожуваат, слушајќи музика.

Можеби сакате да прочитате и какви предрасуди имаат луѓето за вас поради вашиот хороскопски знак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар