Прекрасна колекција на фустани од талентираниот дизајнер Тони Ворд

Софистицираната елеганција во креациите на Тони Ворд е резултат на голем број професионални чекори постигнати со помош на огромен талент. Веднаш по завршувањето на своите студии во Париз, во најдоброто училиште за кројачи во Франција, тој почнал да работи со многу познати дизајнери. Неколку години подоцна Ворд решил да се врати во својата држава, Либан, каде што започнал своја сопствена линија.

Прекрасна колекција на фустани од талентираниот дизајнер Тони Ворд

Неговите креации се карактеризираат со чисти форми и зрачат со заводливост која доаѓа од софистицираните материјали кои тој ги употребува. Колекциите на Ворд го имаат препознатливиот шарм на безвременскиот стил и ја потенцираат женственоста. Погледнете ја неговата колекција за пролет/лето 2014.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар