Кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ја преболат поранешната љубов?

Кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ја преболат поранешната љубов?

Сите раскинувања се тешки, но и поучни. Одеднаш целиот ваш живот се менува и вие мора да се прилагодите на моменталната ситуација. Иако раскинувањето понекогаш носи многу позитивни работи, болката што се јавува веднаш по самата разделба знае да биде неподнослива.

Кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ја преболат поранешната љубов?

Според едно истражување, луѓето доживуваат 3 болни раскинувања во текот на животот и им требаат околу 6 месеци за да продолжат понатаму и од 12 дена до 1 месец за повторно да се вратат во нормала. Освен тоа, повеќето луѓе си дозволуваат околу 4 дена за да тонат во тага, пред да се соземат и да продолжат со секојдневниот живот. Но, што точно прават луѓето за да го излечат скршеното срце? Прочитајте кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ги преболат саканите…

Се обидуваат да најдат утеха на социјалните мрежи

„Клин со клин се избива“ велат постарите, па така повеќето луѓе се обидуваат да најдат замена што е можно побрзо. А каде ќе најдете замена за најкратко време ако не на Фејсбук, Инстаграм или Тиндер? Девојките постојано објавуваат фотографии за да привлечат внимание, а момците како луди им пишуваат на сите симпатични припаднички на спротивниот пол. Социјалните мрежи одземаат голем дел од времето и го одвлекуваат вниманието од проблемите, а токму тоа и им треба на луѓето кои поминуваат низ болно раскинување.

Ги одбегнуваат социјалните мрежи

Постојат луѓе кои одат и во друга крајност и сосема ги одбегнуваат социјалните мрежи затоа што се плашат дека ќе видат нешто што нема да им се допадне. Сепак, на сите млади им требаат околу 5 недели за да престанат да ги „прогонуваат“ поранешните партнери на социјалните мрежи. Некои никогаш не престануваат да ги проверуваат Фејсбук профилите на бившите. Чисто од љубопитност, ништо повеќе.

Излегуваат на љубовни состаноци

Понекогаш некои Фејсбук разговори преминуваат во љубовни состаноци и тоа е сосема во ред. Многу млади луѓе се обидуваат да забораваат на поранешниот партнер со тоа што постојано излегуваат на љубовни состаноци и си ја задоволуваат потребата од внимание. Сепак, најдобро би било да не го спомнувате бившиот ако сакате да отидете на втор љубовен состанок.

Ги фрлаат работите што им припаѓале на бившите

Рамки со заеднички фотографии, заборавени дуксери и други слични предмети, сето тоа оди во корпата за отпадоци. Ова иако звучи детски и незрело, сепак служи како добар вентил за ослободување од негативните емоции. Освен тоа, ќе ги отстраните сите материјални докази дека некогаш сте биле во врска со личноста која ви го скршила срцето.

Одат на прошетка

За многу повредени млади луѓе, прошетката претставува најдобар лек за скршено срце. Бесцелното шетање и размислување навистина може да помогне. На тој начин ќе имате можност да направите детална анализа на претходната врска и да добиете нов поглед кон работите.

Кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ја преболат поранешната љубов?

Се почестуваат себеси

Раскинувањето со себе носи голем стрес, а повеќето луѓе решаваат да се ослободат од него на тој начин што одат на масажи, си купуваат нова облека, одат на патувања и излегуваат во луксузни ресторани. Со други зборови, тие си посветуваат време на себе и уживаат во животот.

Поминуваат време со семејството

Поголемиот дел од луѓето решаваат да поминуваат повеќе време со семејството за да заборават на поранешната љубов. Ова е одлична тактика бидејќи ќе ви помогне да се сетите на луѓето кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.

Поминуваат време со пријателите

Кој друг ќе ве поддржи дека вашиот поранешен партнер е најлошата личност на светот, ако не вашите најдобри пријатели?! Тие ќе ви ја пружат потребната утеха, но и ќе ве потсетат дека треба да се забавувате и да уживате во животот.

Гледаат телевизија

Многумина повредени го преболуваат раскинувањето со тоа што постојано гледаат телевизија, серии и филмови. Само внимавајте да не налетате на некои романтични комедии кои промовираат вечна и нереалистична љубов.

Поминуваат време сами

Иако можеби сте чуле дека не треба да бидете сами по раскинувањето, токму овој метод е оној што најмногу го практикуваат младите. Многу е важно да се соочите со вашите чувства и да си дозволите да бидете тажни по раскинувањето, но не треба ниту целосно да се изолирате. Дури и да не се чувствувате подготвени да излезете меѓу луѓе, поминувајте време со вашето семејство и најблиски пријатели. Тие ќе ви помогнат да застанете на нозе и ќе ве потсетат дека постојат луѓе кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.

Не постои магично апче кое ќе може да ви помогне веднаш да ја преболите поранешната љубов. Сѐ што можете да направите е да си дадете време и да тагувате онолку колку што ви е потребно. Не заборавајте да се грижите за себе и да соберете сила да продолжите понатаму.

Доколку и вие штотуку сте прекинале со саканиот или саканата, слушнете ги овие топ 20 песни за после раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар