Африкански рецепт за отстранување шминка

Африкански рецепт за отстранување шминка

Заборавете на сите скапи производи за отстранување на шминката и погледнете го овој древен рецепт од Африка кој ќе ве воодушеви и совршено ќе одговара на вашето лице. Растението алое вера отсекогаш се користело во козметичката индустрија. Оваа билка е позната како природен лек, кој најчесто се користи за хидратација на кожата на лицето и телото, а може да се користи и како средство за отстранување на шминката.

Афрички рецепт за отстранување на шминка

Еве што ви е потребно за да создадете природен производ за отстранување на шминката.

  • 1 мал лист алое вера
  • Околу 100 милилитри масло (во продолжение откријте кое е најдобро за вашата кожа)
  • 3 капки есенцијално масло од лаванда
Начин на подготовка

Во блендер ситно исечкајте ја алое верата, а потоа добиената смеса помешајте ја со маслото. Продолжете да мешате околу 10 минути или сè додека не добиете хомогена смеса. На крај додајте 3 капки есенцијално масло од лаванда. Оваа смеса чувајте ја во стаклен сад.

Како да го изберете соодветното масло?

Постои голем избор на масла кои можете да ги користите за отстранување на шминката и чистењето на лицето. Погледнете како делуваат некои од нив.

  • Маслиновото масло е едно од најблаготворните масла кој темелно ја чисти, храни и хидрира кожата. Освен тоа што ги обезбедува потребните витамини, после само неколку дена користење ќе забележите дека вашите кругови околу очите се повлечени, а лицето ви изгледа посвежо и помладо. Најдобрата работа кај маслиновото масло е што одговара на секој тип кожа.
  • Кокосовото масло долго време беше заборавано, но неодамна почна да се открива неговото неверојатно благотворно дејство на кожата, косата и ноктите. Ако имате слаби трепки, ова е вашето идеално средство за отстранување шминка. После само неколку недели користење ќе забележите дека трепките ви се погусти и појаки. Ако имате сува кожа, кокосовото масло треба да биде вашиот прв избор.
  • Рицинусовото масло исклучиво се препорачува на масен тип кожа. Ако имате ваков тип кожа, тогаш одлучете се за рицинусово масло затоа што е подобар избор од маслиновото, а има исти ефекти.
  • Бадемовото масло се смета за адекватна замена на маслиновото масло, но, исто како и рицинусовото, се препорачува на личности кои имаат масна кожа. Тоа исто така особено се препорачува и за лица кои имаат чувствителни очи или носат леќи.
  • Маслото од рузмарин освен што е идеално средство за отстранување кармин, особено оној во црвена или некоја друга темна нијанса, уште подобро ги храни и ги хидрира усните кои исто како и областа околу очите, се најчувствителен дел од кожата на лицето.

Афрички рецепт за отстранување на шминка

Отстранувањето на шминката со помош на масло е многу едноставна. Изберете го маслото кое ви одговара и нанесете од него на мало парче памук, па тријте го лицето со кружни движења и така ќе ја отстранувате шминката. Маслата можеби се и најдоброто средство за отстранување на водоотпорна шминка, која не можете да ја отстраните со обичен сапун и вода. Исто така, освен за отстранување на шминка, маслата можете да ги користите и како маска за лице. Едноставно нанесете со прстите и оставете го да се впие, па по 10 минути отстранете го така што ќе се измиете со млак чај од камилица.

Уште едно популарно средство за отстранување на шминка е млекото или јогуртот. Комбинацијата на млеко или јогурт со кое било друго масло, е совршена. Млекото ги чисти маснотиите, а многу е ефикасно и ако имате чувствителни очи кои реагираат при употребата на класични тоници или кремови. Слично дејство има и јогуртот. Тој ѝ ја враќа свежината на кожата и нуди еластичност и свежина. Кожата лесно ги впива протеините кои ги содржи јогуртот, па се препорачува негова употреба доколку настојувате да ги намалите брчките и да ја регенерирате оштетената кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар