Пожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорците

Пожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорците

Пластичните работи како прекинувачи, приклучоци, далечински управувачи и слично често добиваат жолтеникава боја која не изгледа убаво. Но, со помош на овој едноставен трик можете да им ја вратите прекрасната бела боја.

Пожолената пластика ќе изгледа како нова: Избелете ги старите приклучоци и рамките на прозорците

Пред да започнете да ги отстранувате жолтите дамки од пластиката, треба да подготвите сад што подоцна ќе го наполните со вода, детергенти, мека крпа за триење на пластичната површина, суви крпи, четка за заби и гумени ракавици за да ја заштитите вашата кожа.

Како да ја отстраните жолтата боја од пластиката со помош на различни средства?

Ако одлучите да користите сода бикарбона, можете да се обидете нежно да ја втриете на пластиката користејќи влажна крпа. Исто така, можете да растворите сода бикарбона во малку вода и на тој начин да се обидете да ги протриете сите површини што се валкани и добиле жолта боја.

Освен со сода, можете да го отстраните жолтилото и со помош на обичен детергент за миење садови. Треба да ставите една мала чаша детергент во сад исполнет со четири литри вода.

Ако претпочитате да користите некои од природните препарати за отстранување на жолтата боја од пластиката, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината.

Покрај тоа, може да користите мешавина од оцет во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и испрскајте го растворот на површините што сакате да ги исчистите. Бидете внимателни со приклучоците и прекинувачите за водата да не влезе на места каде што има електрична енергија.

Истите методи за чистење можете да ги примените на пожолтени ПВЦ врати или рамки, тостери, далечински управувачи, клима-уреди и слично.

Погледнете го овој одличен начин за чистење на сите видови кожен мебел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар