Ова се најдобрите методи за опуштање во кои максимално ќе уживате

Стресните денови знаат да бидат долги и исцрпувачки, па затоа потребно е да знаете добро да се опуштите.

ova-se-najdobrite-metodi-za-opushtanje-vo-koi-kje-uzhivate-maksimalno-kafepauza.mk

Потрошената енергија мора да се надополни. Следејќи ги овие методи, ќе можете потполно да се опуштите и да бидете спремни за предизвиците кои ве очекуваат наредниот ден.

1. Седнете пред телевизорот и дозволете си филмски или сериски маратон.

2. Подгответе си одлична, миризлива бања со меурчиња и не излегувајте од када сè додека водата има добра температура.

3. Придушете го светлото, запалете миризливи свеќи и уживајте во омилената музика.

4. Легнете на кревет во некоја симпатична долна облека (чисто за да се чувствувате подобро) и уживајте во омилената книга или магазин.

5. Направете си чај, кафе или топло чоколадо и составете листа на работи кои сакате да ги направите.

6. Шетајте по продавници без да потрошите ниту денар. Не можете ни да замислите колку опушта шетањето низ продавници без стресот кој произлегува од барањето на тоа што сакате да го купите.

7. Уживајте во сите можни ритуали за убавина кои ви доаѓаат на памет. Средете си ги веѓите, налакирајте ги ноктите, направете пилинг на целото тело, нанесете маска на лицето, напрскајте се со омилениот парфем и слични работи кои прават да се чувствувате добро.

8. Вежбајте и наполнете го телото со среќни хормони кои веднаш го подобруваат расположението!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар