11 чудни знаци со кои телото ви вели дека не толерира шеќер

Многу од луѓето додаваат шеќер во кафето или јадат торта и се чувствуваат супер. Но има луѓе кои не го толерираат шеќерот и се чувствуваат лошо веднаш откако го консумираат.

11 чудни знаци со кои телото ви вели дека не толерира шеќер

Иако можеби звучи драматично, ова не е ретка појава. Кога консумираме шеќер, нивото на шеќер во крвта се зголемува, што води до лачење на инсулин од панкреасот. Тогаш добиваме енергија и се чувствуваме добро моментално, меѓутоа наскоро шеќерот во крвта опаѓа драстично. Поради тоа може да чувствуваме гадење па дури и повраќање. Освен тоа, шеќерот може да предизвика и пореметување на хормоните.

Доколку сметате дека шеќерот делува негативно на вас, тогаш треба да размислите колку шеќер внесувате или да консултирате лекар. Прочитајте за некои лоши симптоми кои шеќерот може да ги предизвика.

1. Имате мозолчиња

Иако постојат многу фактори кои влијаат врз појавата на акни, внесувањето шеќер е еден од нив. Кожата е многу чувствителна на шеќер. Глукозата во крвта делува директно врз акните. Ова е поради воспалението на хормоните кои ја иритираат кожата. Секако, ова не значи дека треба целосно да престанете да внесувате шеќер. Но доколку забележите дека кожата станува премногу чувствителна тогаш преземете мерки.

2. Не можете да спиете навечер

Повторно, тука постојат повеќе фактори, како стресот, колку кафе пиете и слично. Но шеќерот може да предизвика да бидете будни во текот на ноќта. Истражувањата велат дека соковите, посебно газираните, имаат ист ефект како да се испиле кафе пред да легнете да спиете.

3. Се чувствувате пречувствителни

Храната што ја внесуваме може да има голема улога во тоа како се чувствуваме, ментално и емоционално. Доколку внесувате многу шеќер, и потоа почнете да ги балансирате оброците веднаш ќе почувствувате разлика.

4. Се чувствувате изморени после оброкот

Размислете како се чувствувате по оброк. Ако ви е потребна шолја кафе за да не заспиете, тогаш тоа е поврзано со нивото на шеќерот. Луѓето кои го процесираат шеќерот нормално, по оброкот се чувствуваат енергично и будно.

5. Се чувствувате изнемоштено

Доколку имате ниско ниво на шеќер, тогаш тоа е хипогликемија, а таа прави да се чувствувате уморно, гладно, слабо, изнемоштено и анксиозно. Телото ви бара шеќер. Меѓутоа тоа е круг кој не запира. Тогаш е најдобро да се консултирате со лекар.

6. Имате проблеми со синусите

Животниот стил исполнет со шеќер може да предизвика хронични проблеми со синусите. Доколку се двоумите, пробајте сами. Намалете го шеќерот и видете дали ќе има некои промени.

7. Се чувствувате надуено

Доколку имате гасови или проблеми со столицата, тоа може да биде резултат на прекумерното консумирање шеќер. Посебно доколку пиете многу газирани сокови. Во ред е понекогаш да се напиете, но внимавајте колку шеќер внесувате бидејќи тоа делува на целиот абдоменален дел.

8. Губите концентрација

Можеби сте слушнале за мозочна магла, тоа е кога се исклучувате целосно и мозокот како да престанува да работи. Шеќерот е најголем причинител за оваа состојба, и предизвикува губење на фокусот. Шеќерот предизвикува лачење на екстра инсулин и кортизол, кој потоа прави да се чувствувате изморени.

9. Имате напади на глад

Ако постојано ви се јаде благо, или не се заситувате од храната, тогаш нивото на шеќер во крвта ви опаѓа. Затоа често секое попладне ви се грицка нешто или имате потреба од кафе или чоколадо.

10. Ве болат колената

Болките се предизвикани од воспаленија во телото, а тоа е негативната страна на шеќерот. Шеќерот може да предизвика предвремено стареење и проблеми со варењето.

11. Постојано губите мотивација

Доколку се чувствувате уморно откако ќе изедете чоколатце, тогаш вашето тело не ја согорува глукозата иако ја консумирате. Доколку постојано ви се спие, тогаш можеби треба да јадете помалку шеќер.

Вашето тело ќе помине низ огромни промени доколку го исфрлите шеќерот од исхраната на еден месец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар