Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

Сите ние сме се довеле до ситуација во која треба да се справиме со спротивни мислења од нашите, некакви негодувања, несогласувања и слично. Кавгите настануваат постојано, и во ред е, како инаку ќе се изборите за своите ставови и мислења? Најважно е да не кажете или направите нешто за што ќе се покаете.

Нешта кои треба да ги одбегнете во кавга

Не навредувајте – Во момент на голема нервоза и револт можеме да кажеме многу работи кои не ги мислиме. Нормално дека ќе излета и по некој лош збор во текот на кавгата, но постојат зборови кои многу повредуваат и остануваат запаметени. За нешто што ќе го кажете во револт може да се покаете подоцна, но не можете да го намалите ефектот на повредата. Секогаш избројте до десет пред да кажете нешто во кавга и трудете се колку што е можно повеќе да ги одбирате зборовите.

Не исмевајте ги слабостите на луѓето – Доколку знаете дека нешто му/ù е слаба точка на личноста со која сте стапиле во конфликт, не го спомнувајте во кавгата. Ако се карате со колега од работа поради тоа што не си ги сфаќа обврските сериозно, не е во ред да го спомнете неговиот нос или тешкото раскинување низ кое поминал. Останете во контекст на главната тема која предизвикала конфликт, докажете го вашето мислење со аргументи, не играјте нечесно.

Не користете нечија искреност – Ако личноста со која сте во кавга, пред извесно време ви се доверила за некаков проблем, не е во ред тоа да ù го извадите низ нос. Доколку била искрена и побарала ваша помош за некаков проблем, не го спомнувајте тоа во текот на кавгата.

Не уценувајте – Без разлика дали знаете некоја негова/нејзина тајна, или на одредено поле имате моќ над него/неа, не го користете како уцена во кавгата со цел да го добиете она што го сакате. Не е чесно и со сигурност нема да донесе решение на проблемот.

Не ги потиснувајте вашите барања – Ако сте стапиле во конфликт со вашиот претпоставен на работа, а чувствувате дека сте во право, не дозволувајте да ве засени неговиот/нејзиниот авторитет. Искажете ги вашите мислења, но внимавајте на тонот и начинот на кој се изразувате.

Не спомнувајте го минатото и грешките кои се случиле тогаш – Кога ќе настане кавга во љубовна врска, не е во ред да го спомнувате минатото и личностите кои биле дел од него. Грешките кои тој/таа ги направил/а во минатото, би требало да бидат заборавени или барем оставени настрана, а вие да се фокусирате на решавање на проблемот. Спомнување грешки и личности од минатото може само да донесе поголемо несогласување кога и спротивната страна ќе ги спомне вашите грешки.

Не стремете се кон ваша победа – Кога нештата ќе се вжештат, трудете се да го зачувате добриот однос и да ја прекинете кавгата. Кога и двете страни се на крајот од своето трпение, не одете кон добивање на посакуваното, туку кон решение кое ќе одговара за двете страни и кое ќе стави крај на недоразбирањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Бист Reply

    Напиши наслов „не се карајте“, и остави празна страница, џабе ке го читаат ова

  2. Име Reply

    ako go nema ova, toj toa ne e kavka XDD

Напиши одговор на Име Откажи одговор