5 начини да како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе

5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе

Сосема е нормално да се биде дел од конструктивна дебата во која ниту една од страните не посакува победа, туку двете страни имаат тенденција да научат нешто ново и да ги прошират своите хоризонти.

5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе

Но, карактеристика на повеќето токсични луѓе е и потребата од кавги од кои секогаш сакаат да излезат како победници. Луѓето кои не сакаат да се расправаат и избегнуваат расправии ќе им бидат здодевни, а токсичните луѓе ќе бидат оние што им ја црпат целата енергија. Слично на тоа, голем број луѓе нема да можат да излезат од кавгите и расправиите во кои ги влечат токсичните луѓе. Ако сте меѓу нив, подолу ќе најдете неколку совети што ќе ви помогнат да ги прекинете кавгите со токсичните луѓе.

Што одмага?

  • Грди зборови, навреди и пцовки
  • Надвикување
  • Давање докази и аргументи

Што помага?

Она што најмногу ќе ви помогне во моментите на расправија со токсична личност е промена на тактиката. Не вовлекувајте се во расправија, не обидувајте се да бидете груби и не натпреварувајте се. За да ги избегнете фрустрациите и да го зачувате мирот, испробајте ги овие тактики.

„Морам да размислам за тоа во мир.“

Со оваа реченица ќе го побарате вашиот мир на љубезен начин, нема да се согласите со лицето кое се обидува да се расправа и ќе можете да размислите што и како сакате да му кажете.

„Можеби си во право.“

Оваа реченица ќе го омекне лицето кое се обидува да се расправа, но не мора да се согласувате со него. На пример, ако некој колега од работа ви каже дека не сте направиле нешто како што треба, можете да му кажете дека постои можност да е во право, но дека сепак ќе се придржувате до вашиот начин на работа.

„Жал ми е.“

Извинувањето е една од најмоќните алатки што ги користиме кога зборуваме. Ако се најдете во ситуација кога токсична личност ви приговара за некој пропуст што навистина се случил, не влегувајте во расправија. Извинете се и нагласете дека гледате каде сте погрешиле и дека веќе нема да ја повторите таа грешка. Извинувањето ќе го донесе потребниот мир.

„Разбирам.“

Разбирањето не значи согласување. Но, ако му кажете некому дека го разбирате, може да ви донесе голем мир вам, но и на личноста која сака да се расправа. Понекогаш е тешко да се изрази тоа разбирање, но тоа е подобра опција од објаснување што не води до ништо.

„Ова ме прави…“

Последната опција е искреноста. Бидете искрени со вашиот соговорник и кажете како се чувствувате кога тој ќе се обиде да започне расправија. Нагласете дека расправијата ве исцрпува и дека не сакате да се занимавате со непотребни дискусии.

Прочитајте ги овие трикови со коишто ќе победите во секоја расправија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар