Дали густата менструална крв е нормална и кога менструалните згрутчувања укажуваат на опасност?

Дали густата менструална крв е нормална и кога менструалните згрутчувања укажуваат на опасност?

Менструацијата е различна кај секоја жена, а менструалната крв се менува во зависност од личноста, но и од денот на менструацијата.

Дали густата менструална крв е нормална и кога менструалните згрутчувања укажуваат на опасност?

Понекогаш менструалната крв е поретка, а понекогаш погуста. Но, ако никогаш не сте имале леплива и влакнеста менструална крв, таа појава може да ве исплаши, особено ако станува збор за поголеми грутки. Пред да започне да ве фаќа паника, треба да знаете дека згрутчувањето на менструалната крв е сосема нормално. Сепак, дури и кај оваа појава, постојат одредени правила и знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред.

Кога менструалните грутки не се нормална појава?

Појавата на менструални грутки во некои ситуации може да биде показател за други нарушувања и болести. Ако згрутчувањата се поголеми, ако растат со секоја нова менструација и ако се појавуваат многу често, тоа е знак дека сепак нешто не е во ред. Тешкото и болно крварење кое трае со денови и за време на кое се појавуваат големи грутки крв може да укаже на:

  • миоми на матката
  • аденомиоза
  • полицистични јајници
  • ендометриоза
  • полипи
  • недостаток на витамин К
  • тумор на репродуктивните органи
  • нарушувања на крварењето

Кога да побарате медицинска помош?

Факт е дека секоја жена има различна менструација. Кај некои жени, сосема е нормално менструацијата да варира во времетраењето и интензитетот. Кај други, пак, таа е секогаш иста. Но, секогаш треба да се консултирате со вашиот гинеколог за големите и ненадејни промени. Ако забележите некој од овие симптоми, консултирајте се со вашиот гинеколог:

  • модринки, вртоглавица, неможност за земање здив – симптоми кои укажуваат на анемија
  • неиздржлива болка
  • болка и крварење за време или по сексуалниот однос
  • згрутчувања кои се зголемуват секој ден за време на менструацијата
  • обилна менструација, истекување крв во рок од еден час по ставањето тампон или влошка
  • водникав исцедок со светлоцрвена или сивкаста боја
  • обилно крварење кое продолжува по седмиот ден од менструацијата

Дали знаете што е менструална настинка?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар