Не мора да излезете за да си поминете убаво за Нова година

Не мора да излезете за да си поминете убаво за Нова година

Сите го прославуваат доаѓањето на новата година. Тој ден ни дава можност да направиме ретроспектива на целата измината година, да се заблагодариме за сите убави моменти, да се сетиме на целиот напредок и успех што сме го постигнале, како и да ги согледаме нашите грешки и да научиме нешто од нив. Новата година означува нов почеток кога сите правиме планови за тоа какви промени сакаме да внесеме во животот и кои цели би сакале да ги оствариме во претстојната година. Но, иако Нова година е синоним за луда и незаборавна забава, понекогаш знае да биде и малку депресивна.

Не мора да излезете за да си поминете убаво за Нова година

„Уште една година помина, а вие што направивте?“, праша Џон Ленон во една од неговите песни.

Овој стих би требало да ве инспирира и да ве поттикне да размислите за тоа каков придонес сте дале за општеството. Наместо тоа, веројатно размислувате за вашиот љубовен живот, особено ако сте сингл. Се прашувате кого ќе бакнете кога часовникот ќе отчука 12:00?

Тоа не значи дека не можете да си поминете убаво за Нова година. Ако и минатите новогодишни прослави сте се чувствувале лошо поради тоа што сте биле сингл, тоа било така затоа што ви недостасувала личноста со која сте сакале да ја поминете таа ноќ. И покрај тоа, вие навистина можете да си поминете убаво ако сте опкружени со луѓето што најмногу ви значат. Ништо не е поважно од најблиските.

Кога ќе ви се случи нешто убаво или лошо, со кого најпрво ги споделувате вестите? Нема сомнеж дека тоа се најзначајните луѓе во вашиот живот на кои секогаш можете да сметате и кои ве прават среќни. Кога конечно ќе дојде новогодишната ноќ, тоа се луѓето со кои треба да бидете. Тоа се луѓето со кои треба да уживате и да ја славите вашата љубов, пријателство и спомени. Со нив треба да ги пречекате сите убавини кои ви ги носи новата година.

Секако дека и ноќта помината во преполн локал со скапа влезница може да биде забавна, но нема ништо лошо во тоа доколку се соберете со вашите најдобри пријатели кај некого дома, нарачате пица и уживате во омилените песни и алкохол. Што се однесува до љубовните парови, зошто да не си прославите сами во интимна атмосфера?

Не мора да излезете за да си поминете убаво за Нова година

Празниците се многу важен период од годината кои се засноваат на љубов и благодарност. Целата новогодишна атмосфера не би имала смисла без најважните луѓе во нашиот живот кои ни носат радост и среќа. Вашите најблиски се тие кои секогаш ќе бидат тука за вас. Ќе бидат тука кога ќе ја добиете вашата работа од соништата и кога конечно ќе пронајдете вистинска љубов. Тие ќе ве бодрат и ќе се радуваат на секој ваш успех како да е нивен.

Празниците како што е Нова година се одличен потсетник на тоа дека треба да бидеме благодарни за луѓето кои ни го исполнуваат животот со љубов. Покажете им ја вашата љубов на тие луѓе и секој ден давајте им до знаење колку многу ги цените.

Без оглед дали ќе танцувате во дискотека до раните утрински часови на први јануари, ќе јадете руска салата и кифлички или ќе заспиете пред полноќ, нема да погрешите доколку го направите тоа опкружени со луѓето што ги сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар