Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

Замислете си колку пари би заштедиле доколку самите ја правевте вашата шминка! Оваа идеја звучи прекрасно, но иако веројатно не би можеле целосно да ја остварите, можете барем самите да направите сјај за усни со чија помош ќе изгледате неодоливо за време на празниците и кој било друг период од годината. Освен тоа, овој сјај е совршеното решение доколку имате проблем со испукани усни.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

Потребни состојки:
  • Кокосово масло
  • Керамички сад
  • Мрсни боици што не се отровни
  • Лажица
  • Празни садови
Начин на подготовка:

1. Ставете една лажица кокосово масло во керамички сад и оставете го во микробранова печка околу една минута или додека не се стопи целосно. Ако сакате бојата да биде побледа, додадете уште малку масло. Ако сакате сјајот да има појака боја, не ставајте многу масло.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

2. Скршете ја мрсната боица на мали парчиња за да може да се стопи побрзо.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

3. Додајте ги парчињата боица во врелото масло и мешајте со пластична лажица додека не се стопат целосно. Ако во смесата сѐ уште има парчиња од боицата, вратете го садот во микробранова уште 30 секунди.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

4. Ставете ја смесата во чист сад и почекајте 5 минути да се олади.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

5. Кога сјајот ќе стане цврст, слободно можете да го нанесете на усните.

Направете си сами сјај за испукани усни и блеснете за време на божиќните празници

Погледнете го и видеото од целиот процес и обидете се да го направите овој сјај за усни уште денес…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар