Мејкап-трикови што треба да ги знае секоја девојка

Мејкап-трикови што треба да ги знае секоја девојка

Шминката може да ги прикрие, но и да ги истакне вашите недостатоци, затоа употребувајте ја правилно. Истакнете ги вашите заводливи очи, украдете нечиј изглед од гламурозните настани на црвениот тепих, дајте му сјај на лицето и привлечете што е можно повеќе внимание. Со вистинските мејкап-трикови можете да направите чудо од вашиот изглед.

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

Флертувајте со вашиот поглед

Постојат три главни изгледи на заводливи очи:

1. Свежи и сочни тонови – Првиот начин е вашиот поглед да го направите нежен и сладок со свежи и сочни тонови, а за најдобар ефект употребувајте сенки за очи со мат ефект. Како основа нанесете бела мат-сенка по површината на целиот очен капак сѐ до веѓите, но внимавајте да не избегате лево или десно од границите на очните капаци. Потоа одберете нежна розова мат-сенка за да го отвори погледот и нанесете ја на крајната половина од очниот капак. Нанесете тенок слој туш за очи, па финиширајте го изгледот со еден слој маскара, за да постигнете нежен и природен изглед.

2. Женствен и заводлив поглед – Најдобар начин за да постигнете интензивен и заводлив поглед е со техниката „зачадени очи“ која се применува за вечерен изглед. Започнете со нанесување лесен коректор од минерали, за да ги подготвите вашите очи за шминката која следи. Потоа со моливче за очи истакнете ја линијата околу вашите очи, нанесувајќи на долниот и на горниот капак од надворешната страна.

Ако вашите очи се крупни, земете си слобода да нанесете од моливчето од едниот до другиот агол  на очите, целосно обележувајќи ги, но ако вашите очи се мали и ситни, нанесете го започнувајќи од средината на делот под очите, продолжувајќи нагоре по горниот капак.

Бидејќи овој изглед најчесто се постигнува со примена на три нијанси на сенки за очи, за наредниот потег одберете ја најтемната, и нанесете ја со тенко сунѓерче над обележаниот дел со ајлајнерот. Со останатите две сенки нашминкајте се како и обично. Кога се шминкате на ваков начин вниманието го вртите кон очите, па затоа не мора да употребувате силни и впечатливи нијанси на кармин.

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

3. Магијата на трепките – Максимално истакнете ги трепките, но внимавајте да не претерате па да го постигнете спротивниот ефект. Извиткајте ги трепките со виткач за трепки, а потоа нанесете маскара и на долните и на горните трепки. Употребете маскара за волумен и нанесете повеќе од еден слој. За поинтензивен изглед можете да нанесете црно или бронзено моливче околу очите, но не во дебели слоеви.

Украдете изглед од црвениот тепих

Шминкајте се во интензивни и впечатливи нијанси и секако, бидете самоуверени.

1. Кармин со интензивна боја – Почнете со нанесување на моливче за усни по краевите на усните за да ги обележите и да ги направите впечатливи. Потоа нанесете од моливчето по површината на усните, но внимавајте, тоа не смее да биде потемна нијанса од карминот кој ќе го нанесете. Потоа нанесете го карминот, но заборавете на нежните нијанси, одберете жешко црвена или интензивна темно кафена. Не е важна големината на усните, бидејќи секогаш кога чекорите со самодоверба изгледате сексапилно!

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

2. Драматичен поглед – Секако овој изглед избегнувајте го како шминка за преку ден, но во вечерните часови покажете го целиот ваш сексапил преку женствениот поглед. Земете пар вештачки трепки, кои најдобар ефект ќе имаат доколку нанесете нежна сенка за очи со боја на шампањ.

3. Пастелни бои – Одберете пастелна боја на кармин со кремаста текстура, со впечатливи сини или розови нијанси и ќе изгледате различно и впечатливо. Тука вниманието го носите кон вашите усни, па не мора да нанесувате впечатливи бои на сенки за очи. Овој изглед е свеж и летен, но истовремено  и гламурозен.

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

Руменило за лице

Колку е доволно, а кога е претерано?

1. Прво што треба да знаете кога ставате руменило, е дали ја користите правилната алатка – четка со природни или синтетички влакна, заоблена или со коцкести рабови? Заоблените четки се совршени доколку нанесувате руменило во прав. Внимавајте четката да е симетрична со вашиот образ за да не нанесете премногу руменило.

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

2. Одберете какво руменило ќе користите – во прав, гел, крем, течна или мус. Руменилото во прав се нанесува најлесно и најдолго трае. Ако имате дамки и пори на лицето, избегнувајте користење на течно или гел-руменило. Со кремовите и геловите можете да експериментирате освен доколку имате мрсна кожа.

Што се однесува до одбирање на нијансата, светлата кожа изгледа одлично со нежно розови и нијанси во праска боја. Средно светлиот тен оди со руж во нијанса на мед или карамел се до корална црвена, а темниот тен оди со поинтензивни нијанси, од портокалова до жешко розова.

Мејкап трикови што треба да ги знае секоја девојка

3. Главниот чекор во нанесувањето руменило е да знаете каде и колку да нанесете. За поинтензивен изглед и за вечерна шминка, доколку употребувате црвена нијанса на руменило, насмевнете се и нанесете ја на јаболчниците кои ќе се истакнат со вашата насмевка. Доколку нанесувате розови нијанси, за да ги истакнете убавите црти на вашето лице, нанесете под јаболчниците. Во никој случај не одете под линијата на носот.

4. Избегнете изглед на кловн – Со невнимание лесно можете да изгледате смешно.  Бидете внимателни, бидејќи додавањето е секогаш полесно од одземањето. Знаете дека сте претерале кога ќе изгледате како некој да ве удрил со жешка тава по лицето. Наместо да го чистите лицето и да почнете сѐ од почеток, на местото каде сте претерале со руж, внимателно нанесете пудра за да ја „омекне“ бојата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ee Reply

    moram da iskometiram za zal deka ne ste vo pravo za vitkanjeto na trepkite PO nanesuvanje na maskara bidejki edinstvenoto nesto sto ke go dobiete ke bidat trepkite padnati na vasite dlanki a ne zavodliv pogled, vitkacot se koristi pred da se nanese maskarata! pozdrav 🙂

  2. Јасничка Reply

    ааа овие пастелниве бои звучат одлично за на лето, одвај чекам! замислете како би стоеле на исунчан тен 🙂 уште сега ќе почнам да барам хехех

Напиши одговор на ee Откажи одговор