Мали зборови со големо значење

Мали зборови со големо значење

Зборовите понекогаш имаат поголема тежина одошто сме свесни. Тие влијаат на нашите мисли, чувства, дела и на општата состојба на умот. Дури и малите зборови имаат големо значење.

Можеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат.

Еве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла:

1. Ти благодарам

Секој сака да биде ценет, па два збора кои ќе покажат благодарност, можат да направат нечие срце да запее од среќа. „Ти благодарам“, „те ценам“, „благодарен/на сум ти“… се вистинска храна за душата.

2. Ти простувам

Сите знаеме да оплескаме понекогаш. За жал, може да ги повредиме пријателите, колегите, семејството. Помогнете му на оној што згрешил да се ослободи од чувството на вина. Ова ќе го залечи неговото срце, но и вашето.

3. Те сакам

Со оваа изјава, ниедна друга не може да се рамни. Овие зборови се чист израз на најприродниот подарок кој човекот може да го даде – љубовта. Единствената работа која може да ги победи овие зборови е самиот акт на покажување љубов.Мали зборови со големо значење

4. Згрешив

Со еден збор можете да добиете прошка, во духот на несебичното, храбро признание за направената грешка. Кога сме повредени, знаеме дека минатото не може да се промени, но ако некој знае дека ни нанел болка и свесно го признае тоа, постојат големи шанси за подобрување на иднината.

5. Прекрасен/прекрасна си

Понекогаш се чувствуваме грди, однадвор или однатре. Но, во вакви ситуации, убаво е ако некој сè уште мисли дека сме убави.Мали зборови со големо значење

6. Во ред е

Кога сме загрижени, повредени, нервозни или исплашени, овие зборови не уверуваат дека нема потреба да се чувствуваме така. Ова навистина може да смирува. Веројатно можете да се сетите на ситуации во кои рамето на вашиот пријател или пријателка било фина потпора за вашите проблеми, додека истовремено сте слушале утешителни зборови дека се ќе биде во ред. Знаете колку е добро ова чувство.

7. Те разбирам

Во човековата природа е да сочувствуваме со другите, па затоа многу е фрустрирачки кога некој не не разбира или уште полошо, погрешно ни ги толкува зборовите. Во моменти кога се чувствуваме осамено, осудено или изолирано, многу значи разбирањето од страна на некој наш пријател. Не мора другите да се сложуваат со нас, едноставно имаме потреба да чуеме дека не разбираат.Мали зборови со големо значење

8. Можеш да се чувствуваш сигурно

Кога сме осетливи и исплашени, зборовите имаат моќ да ни го вратат чувството на сигурност и заштита што ни е потребно. Стравот може да го „заболи“ умот, но зборовите кои укажуваат на сигурност, делуваат како антибиотик.

9. Ти се восхитувам

Убаво е да знаете дека некој се огледува во вас, има високо мислење за вас или се стреми да ги следи вашите стапки. Зборовите кои искажуваат воодушевување не мотивираат, ни даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание.Мали зборови со големо значење

10. Те поддржувам

Кога треба да донесеме некоја тешка одлука, која може да е добра или лоша, многу ни значи да чуеме од некој дека е на наша страна и не поддржува во секој случај. Зборовите како: „тука сум за тебе“ не охрабруваат да се движиме напред со помалку страв дека ќе бидеме осудувани.

11. Можеш да го направиш тоа

Во моментот кога се размислувате да се откажете или за нешто се двоумите, неколку охрабрувачки зборови можат да направат огромна разлика. Има некаков силен ефект во тоа кога знаеме дека некој друг има верба во нас и на тој начин тоа ја оживува вербата која ние треба да ја имаме во себе.

12. Ти си вистинскиот/вистинската

Овие зборови имаат едноставно значење. Значат: „те избирам тебе“, „ти си тој/таа“, „ти си посебен/посебна“. Со малку зборови можете некому да му кажете колку е тој/таа посебен/посебна.

13. Ова е само за тебе

Повеќето денови во животот ги посветуваме на повеќе луѓе. Од друга страна, има и денови како нашите родендени, годишнини и свадби кои се нашите посебни денови. Добро е ако имате пријатели кои ќе ви дозволат и покажат дека посебните денови се 100% само за вас.

14. Тука сум за тебе

Ако некогаш ви требало утеха од пријател, знаете колку значат овие зборови. Не потсетуваат дека не сме сами, дека има некој што може да ни помогне додека сме повредени, изгубени и се бориме со животот. Дури и најцврстите луѓе кои делуваат како да им е животот постојано под контрола, имаат потреба од луѓе на кои понекогаш би можеле да се потпрат.

15. Одлична работа

…во комбинација со „Честито!“ Некои признаваат, други не, но на сите им значи да чујат признание за својот вложен труд. Пофалните зборови и признанието за добро завршената работа не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди.

16. Ми недостигаш

Не можеме да бидеме присутни 24 часа на ден за луѓето кои ги сакаме. Но, сепак, многу значи доколку знаеме дека некому му недостигаме кога не сме таму. Ова всушност е начин на кратко да се каже „сакам да бидам во твое присуство и едвај чекам да се видиме и да поминеме некое време заедно“.Мали зборови со големо значење

17. Ти си битен/битна

Сите сакаме да се чувствуваме дека сме му битни на некој. Да чуете дека некој ве цени, особено кога се чувствувате бескорисно и неважно, е специјално чувство.

18. Извини

Кога срцето е болно, искреното извинување веќе ја поставува основата за простување и лечење. Со зборовите: „жал ми е“, „ќе ми простиш ли“„, ти се извинувам“, покажуваме дека сме свесни за направената штета и дека имаме желба да ја намалиме болката.

Ви се допаднаа овие мали зборови со големо значење? Во текот на денов внимавајте кои зборови ќе ги употребите и обидете се да кажувате повеќе зборови кои сакате и самите да ги чуете назад. И најпосле, многу пати очекуваме дека луѓето треба да знаат што сме мислеле и како сме се чувствувале. Но, тоа не е така. Не претпоставувајте. Кажете го она што го мислите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ружица Reply

    многу убаво напишано

  2. Nikola Slobodan Cemerikic Reply

    PREKRASNO NAPISANO.

  3. ubavka Reply

    za da gi kazes ovie zborovi TREBA DLABOKO VO DUSATA DA GI CUVSTVUVASvo sprotivno deluvaat kako losa kopija na vazen dokument.

  4. svetlana Reply

    starata vistina so ova dobiva uste edna golema potvrda,,ubaviot zbor zelezni vrati otvora,,ili uste podobro luti rani zatvora

  5. Elena Reply

    Preubavo. Mnogu e bitno ako se kazani od srce za da go dobijat vistinskoto znacenje.

  6. Сања Reply

    Еве, може да додадете уште еден .. Љубезен, љубезна сте .. 😉 Убаво чувство буди ..

  7. Меланија Николовска Reply

    ПОУБАВО Е ДА СИ ГО ПОКАЖЕШ ВИСТИНСКОТО СРЦЕ.😋🤗😀

Напиши одговор на Сања Откажи одговор