Оттргнете го чувството на вина од себеси

Кога сте обземени со чувство на вина, и најмала работа може да ви создаде фрустрација. Можеби ќе успеете да смените нешто од навиките и од вашето секојдневие, но сепак чувството на вина останува и ве кочи. На крајот се чувствувате безвредно и дека не го црпите максимумот од животот. Најдобар начин да го намалите стресот е да ја тргнете вината од себе најбрзо што можете. Прилагодувајќи го вашиот однос кон работите, ќе мора да направите позитивни промени.

Оттргнете го чувството на вина од себеси

Лоцирајте ја причината

Постојат безброј причини зошто можете да се чувствувате виновно. Можеби мислите дека не правите доволно за луѓето околу вас? Или сметате дека вашите цели се недостижни? Одвојте го реалното од интерното. Понекогаш сметате дека сте себични и мрзеливи, но кога ќе размислите што сè сте направиле во денот, ви станува јасно дека тоа е далеку од вистината.

Самопочитувајте се

Давајте си комплименти еднаш на ден за добрите работи кои ги правите. Можете да водите и дневник за моментите на кои сте најгорди. Секојдневните работи не ги сфаќајте здраво за готово и секогаш бодрете се за добро завршената работа.

Оттргнете го чувството на вина од себеси

Пронајдете си мантра

Мантрите се едноставни фрази, на кои можете да се фокусирате, медитирате или молите. Пронајдете мантра што ви се допаѓа и која истовремено ве опишува и разоткрива. Тоа може да биде нешто во стилот: „Јас секогаш го давам најдоброто од себе, а тоа е сосема доволно“. Позитивната афирмација можеби ќе ви изгледа смешна на почетокот, но ставајќи се во таа позиција, можете да си помогнете, притоа зајакнувајќи ја врската со себеси на долг рок.

Што било, останува во минатото

Оваа мисла е полесно да се каже отколку да се употреби во практиката, но навистина нема поента да се чувствувате виновни за работи кои се случиле во минатото. Поправете ги грешките од минатото во однос на другите и во однос на себеси и размислете како да ги подобрите работите во сегашноста и иднината.

Оттргнете го чувството на вина од себеси

Не правете услуга, ако таа никогаш нема да ви биде возвратена

Има разлика помеѓу практикувањето великодушност и тоа некој да ве искористува. Доколку постојат луѓе во вашиот живот кои ја искористуваат вашата добрина, подобро размислете за нив. Во таквите пријателства секогаш размислувајте што можете да направите заедно, а не еден за друг. Доколку сакате да му помогнете на пријател кој има некаква потреба од вас, секогаш однапред размислете дали вие ќе добиете нешто од тоа. Тоа не мора да е еднаква компензација, вечера или некој поклон, доволно би било едно искрено благодарам или фина честитка. Доколку не добиете ништо за возврат, не се стискајте да се побуните за тоа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. .... Reply

    Imav devojka edna i navistina ja sakav neznaev shto da pravam so mene otkako ja izgubiv poradi gluposti i mislam deka vinata e vo mene….Ednash ja imam izlazhano devojkata i utredenta odma priznaeno :/ doverba i nadezh imav vo nea najvekje najiskreno mi vikashe nemash doverba vo mene jas kjutev i i rekov da nemav doverba nemashe so tebe da bidam do sega i kazhav shto mislish deka e najpravilno toa napravi go ako si ti srekjna togash sum i jas srekjen za nea :’ )
    Ve molam za sovet dali da se potrudam da ja dobijam nazad (vekje probav vika dzabe bilo se) ili d aprodolzham napred vo zhivotot

    • Другарче Reply

      Ако (ја) сакаш, пробај уште еднаш да ја вратиш назад. Ако не сака, продолжи си сам по патот, тоа е тоа. Набргу ќе налеташ на некој нов. И не се чувствувај премногу виновно, сепак и девојка ти можела барем да се обиде да ти прости. Штом одбива, тоа кажува многу и за неа. Не грижи се, се’ ќе биде во ред. :)

Остави коментар