Како да ги зацврстите вашите пријателства?

Како да ги зацврстите вашите пријателства?

Зборувајте помалку, слушајте повеќе

Повеќето од нас уживаат додека зборуваат за себеси. Без разлика дали темата на разговорот се успесите кои сме ги постигнале или маките низ кои сме поминале, мора да внимаваме да не ја преминеме границата, бидејќи тие околу нас ќе се презаситат од нашиот егоизам.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Некои луѓе едноставно не се свесни колку доминираат во разговорот. Ако сте расположени да чуете што другите имаат да ви кажат, ќе ја освоите почитта од вашите пријатели. Доколку забележите дека во разговорите со другите луѓе секогаш зборувате за себеси, сетете се на советот од грчкиот филозоф Епиктектус:

„Природата ни дала еден јазик и две уши, за да можеме да слушаме двојно повеќе отколку што зборуваме.“

Што е поважно, да бидете секогаш во право или да ја одржувате хармонијата?

Како да ги зацврстите вашите пријателства?Повеќето проблеми во односите со другите луѓе, настануваат како резултат на нашата гордост. Немојте да инсистирате да го имате секогаш последниот збор, туку обидете се да се повлечете, пред  разговорот да прерасне во нешто кое на никој нема да му се допадне. Запомнете дека здравите врски не се базираат врз победувањето во безначајни аргументи.

Избегнувајте да озборувате

Доколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога  – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.Како да ги зацврстите вашите пријателства?

Опростувајте

Прочката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и опростите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.Како да ги зацврстите вашите пријателства?

Имајте искрен мотив и научете да молчите

Ако гледате каква корист можете да извлечете од пријателствата, правите огромна грешка. Доколку пријателите ви требаат секогаш кога барате нешто од нив, тогаш бидете сигурни дека и тие ќе имаат слични или можеби и поголеми барања од вас. Еден ден, кога навистина ќе ви бидат потребни, тие ќе „исчезнат“.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Искрените пријателства треба да се базираат на заедничка поддршка и добра волја, а не на некаква лична полза. Исто така, кога сметате дека вашиот пријател има лоша идеја, која нема да му успее, немојте веднаш да се расправате и да го напаѓате. Молчете и дозволете самиот да си донесе заклучок. Можете да му ја понудите вашата помош или поддршка, но тотално е неисправно секогаш да се чувствувате одговорни за туѓите постапки и одлуки. На крајот на краиштата, не можете вие да го живеете нивниот живот место нив.

Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство

Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Многу е важно да научите да се забавувате и смеете. Доколку забележите дека некој ваш близок не е во добро расположение, кажете неколку шеги на ваша сметка, кои знаете дека ќе го насмеат. Хуморот е и најдобар лек за надминување на напнатите ситуации.

„Вистински пријател е оној кој останува во вашиот живот, кога сите останати си одат“ – Волтер Винчел.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Sovetite se epten korisni, dobro e pocesto da se citaat za da ne vratat vo realnosta.

Остави коментар