Македонскиот бон тон на одмор

Македонскиот бонтон на одмор

Најголемата грешка што ја направив тоа попладне, е оставањето на балконската врата од мојата соба отворена. Баш супер, си учев за испитот кој доаѓаше за неколку дена, главата онака буквално ми „чади“ ама што муабети се изнаслушав, ми го разубавија денот.

„Леле еј да ви кажам, значи ни пижами сум зела, ни бањарка, ни чанта, ни паста за заби, ни крем, абе ништо ич!“

„Озбилно ма, ами со шо си дојдена?“

„Ами си зедов една четка, па ќе се мијам кај шо ќе стигнам ахахахахха…..“

„Е не си нормална, жими сè. Еј потивко малку, комшиите…“

„Ако им сметам на комшиите да си купат ПВЦ врати и прозорци…. аааааа“ (и да скратам, следува долга, и слободно да се изразам, ретардирана смеа).

Ма немој! Сега, одма, специјално за тебе тргнувам до најблиската продавница за прозорци! Впрочем зошто требаше целата улица да дознае што понела со себе на одмор? Во случај да не ви е јасно, комшијата мој издава приватни апартмани, и да, тоа беа неговите гости од по 18 или 19 години, чии гласови ми се чинеше дека се за неколку децибели повисоки од она што е човечки возможно.Македонскиот бонтон на одморЕ сега, знам кои би биле првите коментари, ама ве молам да не се контрираме на релација Охрид-Скопје и други градови, туристи, пари и слично, сите сме во иста каша! А во случајов, зборам за културата односно бонтонот, кој ние како Македонци го имаме на одмор! Во случај да ве интересира мојот заклучок, всушност немаме ама баш никаква култура, критична ќе бидам и кон себе и кон својата нација, ама ако зборуваме за Македонците како целина, буквално никакви сме кога одиме негде на одмор! Си ја покажуваме некултурата и простотилукот. Ќе бидам реална и директна, ако е премногу за вас, можеби би било подобро да запрете со читање овде.

Како прво, не мора да се понашаме како дивјаци пуштени од кафез. Штом ќе слушнам муабети и однесување како гореопишаното, се потсеќам на фразата од еден филм „freak-in-cage.com“ (ама овој пат фрикот е пуштен на слобода). Значи доаѓаш на одмор за убаво да си поминеш, за спомени, доживување и слично. Со тоа што се дереш како последна пијана будала останата на светот во 3 наутро, не ми докажуваш ни мене, а ни на комшијата колку си „кул“. Седумдесетгодишниот комшија не го интересира колку си „начукан“, туку го интересира зошто не е уште дојдена полицијата, а се јавил пред половина час. И јас сум млада, сакам забава, провод и слично, ама можеш да си поминеш најубаво и без да изиграваш човек со ментални проблеми.

Составен дел од болната замисла да си „кул“ на одмор со другарите, е повраќање на спротивната страна на улицата. Зашто сигурно така си повраќаш и кај тебе во маало, всушност сигурно и така се дереш и лудуваш, а твоите родители може и ти се придружуваат па кулирате до 5 наутро. Не се сомневам дека е така, воопшто! Што е работава, не сте излезени од дома во градот каде живеете, првпат доживувате слобода па не знаете што да правите со неа или…? Не разбирам!

Лани на мојот летен одмор, човекот од соседната соба се побуни зашто сме тропнале. Алооо, сме тропнале по ѕидот. Ха! Дефинитивно тој треба да доживее вистински Македонци на одмор!

Друго, како да си „кул“ на одмор (барем според нашето сфаќање за „кул“), е да се однесуваш како да си цар на светот! Зашто ти си сегде главен, па нормално дека ќе бидеш главен и на одмор! Покажи им на локалните жители кој е „закон“, тие немаат видено ништо, не се тие „кул“ како тебе. Всушност, со болните умови, во рок од недела или десет дена, си ги лечиме комплексите кои општеството ни ги наметнува во текот на останатиот период од годината. Кога веќе си никој и ништо во твојот роден град, таму каде никој не те знае биди фраер, зошто да не? Не ни сакам да спомнувам дивјачко однесување на плажа, фрлање ѓубре кај шо ќе ти текне и секако, пакетите со домашни намирници за да не мора за трошиш пари за храна. Всушност само си го оставаме ѓубрето, правиме беља, го рушиме угледот на нашиот град или земја и си се враќаме дома.

Како што и самите забележавте, се вбројував и самата јас, исти сме, од исти кош и ова влијае на сите нас подеднакво. Ако имаме желба да се подобриме, макар малку, тоа би било супер. Како може твојата смисла за супер одмор да е нарушување на јавниот ред и мир, уништување на што е можно повеќе јавни места, тепачки и тешки пијанства? Или имаме погрешна претстава за добар одмор и немаме никаква култура, или јас сум заостанала со поимов за супер провод, навистина не знам!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Александар Reply

    одличен текст. Мала забекешка: понашаме = однесуваме – културен народ е начитан, зарем не?

    • Ели Радеска Reply

      Ти благодарам. Во право си, така е, само што ете имаме поголема слобода во пишувањето кога станува збор за колумна. 🙂

  2. Марко Спасовски Reply

    Го посетувам сајтов затоа што е кул и различен од останатите. Содржината е light и интересна, те молам немој да ја уништуваш оваа посебна атмосфера со колумни. Посебно не со колумни од овој тип каде без потреба се шири негативна енергија. Секој сака да го искаже своето мислење но ако и овој сајт почне да оди по шаблонот на останатите тогаш нема да биде ништо посебно. Канализирајте ја негативната енергија кон креирање позитивна.

    • Ели Радеска Reply

      Секогаш се случува да се појави нешто различно од веќе познатата шема на сајтот, а понекогаш, сакале или не ќе се наметне и по некоја негативна тема. И јас самата уживам кога придонесувам за позитивна енергија на сајтот, но реалноста може да испровоцира некаков негативен пристап. Сепак, Кафе пауза и понатака ќе остане сајт кој е најпозитивен, различен, оригинален…. и најдобар 🙂 Ти благодарам.

  3. Maja Reply

    voopsto ne ste vo pravo koga velite deka nie Makedoncite nemame bon ton na plaza!!!

    Nie VOOPSTO nemame bon ton!

  4. Christina.... Reply

    The ugly truth! Супер текст Ел! Сепак, бон тонот е последица на (не)културата на луѓето, а причините за истата треба да се бараат на други места…. :*

  5. NVM Reply

    “Со тоа што се дереш како последна пијана будала останата на светот во 3 наутро, не ми докажуваш ни мене, а ни на комшијата колку си „кул“. Седумдесетгодишниот комшија не го интересира колку си „начукан“, туку го интересира зошто не е уште дојдена полицијата, а се јавил пред половина час.” Tekstov rules, a edinstveniot problem na dechkovo pogore mu e toa sto se pronasol vo “negativcite” koi se opisani tuka. pozz

  6. Габи Reply

    Во случај да ве интересира мојот заклучок, всушност немаме ама баш никаква култура, критична ќе бидам и кон себе и кон својата нација, ама ако зборуваме за Македонците како целина, буквално никакви сме кога одиме негде на одмор! Си ја покажуваме некултурата и простотилукот.
    Што направи бре девојко, цела Македонија ја омаловажуваш со ова што велиш простотилук и некултура. Доколку некој таков , со такво однесување, навлегол во твојата глава, не мора да значи дека цел народ сме такви.

  7. Ангела Reply

    Така е, Габи! Ако ти си имаш искуство со сопствениот простотилук и простаците што одат на одмор во Охрид, Дојран и селскине местенца низ Грција, немој да генерализираш и да кажуваш за „Македонците како целина“. Не има многу такви што ни одблиску не наликуваме на гореопишаниве ликови и баш затоа што ни сметаат ваквите појави, не одиме низ Македонија на одмор, или на крацине грчки. Мрдни малце на одмор по други места и земји, па да ја видиш „повисоката“ македонска класа како се однесува на одмор.

    • Ели Радеска Reply

      Речиси ја имав заборавено колумнава, сум ја напишала пред повеќе од година. Ова ми беше една од првите колумни, така што искрено, give me a break, не ми била целта да понижам, за разлика од тебе Ангела, со твојот „сурово искрен“ коментар.
      Тоа што моето име и презиме, како и моите мисли, се напишани тука, не му дава право на никого да си лечи фрустрации преку коментари. Негативни и позитивни критики се добредојдени, но на нормален и човечен начин.

      Мило ми е тоа што не припаѓаш во „некултурните“ и „простаците“, и тоа што си дел од „повисоката класа“, претпоставувам дека ние од „пониската“ едноставно не ги уживаме истите поволности како вас. 🙂 Баш е добро што странците ја ценат нашата сопствена држава многу повеќе од нас самите, да, баш е глупаво да се оди на одмор во Охрид или Дојран.

      Постојат многу места за лечење комплекси, а интернетот стана едно од најдобрите за таа намена.
      Поздрав!

Напиши одговор на NVM Откажи одговор