Мајки, ова се најважните правила за воспитување на вашите ќерки

Мајки, ова се најважните правила за воспитување на вашите ќерки

Познатата блогерка Кариса Ансел напишала статија за тоа како е најдобро да се воспитуваат девојчињата. Нејзината статија разбуди голем интерес во јавноста, а воопшто не е тешко да се види зошто – советите се корисни за секоја мајка.

„Воспитувањето на девојчиња и момчиња е тешко, но бидејќи јас имам ќерка, ќе пишувам само за животот со девојчињата. Таа има осум години и наскоро ќе започне периодот кој може да биде застрашувачки за родителите, бидејќи се соочуваме со нивните тинејџерски години. Не можеме да ги заштитиме децата како што посакуваме. Затоа ја составив оваа листа, за да ѝ помогнам на секоја мајка“, вели Ансел.

2-otkako-kje-doznaete-zoshto-kako-i-koga-se-koristi-iluminator-kje-sfatite-deka-toj-e-vistinsko-mejkap-chudo-www.kafepauza.mk_

1. Вашата шминка е сега нејзина

Мојата ќерка навистина сака да става сешто на себе. Со текот на времето ќе ја научам како да се шминка, но засега ова е забавно.

2. Иако е неудобно, важно е да ѝ кажете сè во врска со менструацијата

Сакам да биде спремна кога ќе ја добие првата менструација. Мојата работа е да бидам отворена кон моето тело и начините на кое тоа се менува. На неа треба да ѝ биде удобно да разговара со некого за сето тоа, а тоа треба да бидам јас.

3. Светот бара пребрзо да порасне

Вашата работа е да се погрижете што подолго таа да остане девојче. Тоа значи: Нема шминка кога одиме на излегување, примерна облека, нема мобилен телефон. Јас ги создавам границите.

4. Охрабрувајте ја и поддржувајте ја нејзината врска со татко ѝ

Вие сте ѝ потребни како мајка, но треба да знае и колку вашиот сопруг ја сака за подоцна да не се заљуби во некој кој не ја сака.

2-Познатата блогерка Кариса Ансел напишала статија за тоа како е најдобро да се одгледуваат девојчињата.

5. Научете ја за вредноста на парите и штедењето

Со надеж дека еден ден нема да зависи финансиски од никого.

6. Бидете внимателни како пред неа разговарате за вашето тело

Вие сте ѝ пример како жената го гледа своето тело. Затоа за телото зборувајте нежно и само добро кога сте заедно со неа. Јас се обидувам да ги сведам на минимум шегите за мојата тежина кога сум во нејзино присуство. Иако има само 8 години, таа е свесна за проблемите со своето тело и е загрижена. Јас ја уверувам дека нејзиното тело е здраво и со вистинската големина.

7. Заштитете ја, но и научете ја да се бори за себе

На светот му се потребни силни жени. Мојата ќерка знае дека ѝ го чувам грбот, но исто така, знае дека мора да се потруди да ги реши проблемите пред јас да ѝ помогнам.

3-otkako-kje-doznaete-zoshto-kako-i-koga-se-koristi-iluminator-kje-sfatite-deka-toj-e-vistinsko-mejkap-chudo-2-www.kafepazua.mk_

8. Давајте ѝ комплименти за различни работи, не само за изгледот и убавината

Мора да знае дека таа е повеќе од изгледот. Говорете ѝ дека е паметна, смешна, нежна и љубезна. Тие работи нема да избледат со текот на времето.

9. Поставете граници во врска со однесувањето на другите луѓе кон вас

Таа ве гледа и истото ќе го направи и самата. Ние сме им најголемиот учител и повеќе учат од примерот отколку од зборовите. Доколку вие сте силни и барате да ве почитуваат, големи се шансите дека и таа ќе го прави истото кога ќе порасне.

10. Следи ги сопствените сништа и страсти

Бидете ѝ пример дека е важно да го работи она што го сака и да ги следи своите страсти. Јас со својата ќерка ги споделувам своите блогерски цели и успеси за таа да знае дека ги имам и дека сум горда на себе.

11. Научете ја да биде паметна кога се во прашање момчињата

Важно е да им верува на своите инстинкти и да ви се обрати кога мисли дека нешто не е во ред.

12. Помогнете ѝ да сфати дека кон своето тело треба да се однесува со почитување

И ова е важно да го покажете преку пример. Имајте отворени и искрени разговори за врските и што не треба да се случува во неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар