Можеби не верувате во нив, но овие трикови за убавина навистина функционираат!

Можеби не верувате во нив, но овие трикови за убавина навистина функционираат!

Како што во секој сегмент од животот постојат бабини приказни, така е и во секојдневните ритуали за убавина. Како што веќе имате прочитано дека доколку се бричите почесто, влакната ќе растат побрзо и ќе бидат појаки, така постојат и митови кои се навистина точни. Некои од нив се прилично бизарни што воопшто не е ни чудно зошто луѓето се сомневаат во нивната вистина. Со мало истражување успеавме да пронајдеме неколку заборавени митови во врска со убавината во кои би требало да започнете да верувате.

1-mozhebi-ne-veruvate-vo-niv-no-ovie-bjuti-trikovi-navistina-funkcioniraat-www.kafepauza.mk_

1. Триењето на очите создава брчки

Доколку сте склони да ги трите очите кога сте уморни, време е да ја заборавите оваа навика. За да го спречите појавувањето на брчките, во вашата секојдневна рутина воведете козметички производи кои помагаат при намалувањето на непосакуваните линии околу очите.

2. Маскарата се менува на секои 3 месеци

Можеби ви се чини дека ова време е прекратко и дека вашата моментална финансиска состојба не ви дозволува толку често да купувате козметички производи, особено маскара, која ја користите секојдневно. Но, доколку забележите дека започнува да се згрутчува и дека е некако мокра, променете ја и порано ако е потребно. На тој начин се менува нејзината конзистенција, и таа станува погодно место за развивање бактерии. Овие бактерии може да предизвикаат различни инфекции на очите.

3. Пивото ѝ го дава потребниот волумен на косата

Да, ова дефинитивно звучи како бабина деветина, но верувајте, навистина функционира. Јачменот и хмељот во пивото се полни со хранливи состојки и протеини кои влакната ги обожаваат и ги посакуваат. Исто така, алкохолот ѝ помага на косата да се исчисти од производите за кои сметате дека се тешки. Доколку вашата коса е тенка, пивото ќе направи таа да „набабри“, да биде пополна и да го добие посакуваниот волумен.

2-mozhebi-ne-veruvate-vo-niv-no-ovie-bjuti-trikovi-navistina-funkcioniraat-www.kafepauza.mk_

4. Спиењето со шминка – катастрофа за лицето

На жените честопати им се случува да заспијат со шминка на лицето. Најчесто се водат со мислата „Нема да ми биде ништо…“, па се правдаат пред себеси за својата мрзливост. И точно, ништо големо нема да се промени во текот на само една ноќ, но мора да бидете свесни дека тоа воопшто не е добро на долг рок. Всушност, кожата во текот на ноќта поминува низ процесот на обновување, а доколку се бори со слојот шминка, тогаш таа обнова е целосно отежната.

5. Одредена облека води до поткожни влакна

Носењето тесна облека може да го попречи растењето на влакната, кои прават фоликулата да биде воспалена. Ова посебно се однесува на бикини зоната, па така дамите би требало што почесто да прават пилинг на ова подрачје, за да го намалат враснувањето на влакната. Исто така, тоа важи и за нозете, каде што жените го имаат истиот проблем. Тесните фармерки, хеланки и панталони се најголемите виновници според експертите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    Odlicna statija, golema blagodarnost do avtorot.

Остави коментар