Мали вистински приказни за моќта на љубовта

Мали вистински приказни за моќта на љубовта

Понекогаш животот може да создаде ситуации и настани на коишто ниту еден сценарист од Холивуд не би се сетил. Комични, амбивалентни, непредвидливи, трагични – животот е нешто што едноставно не може да се предвиди. Но, што и да ви се случува, секогаш има простор за љубов, добрина, среќа и вчудовидување. Со цел да ви го докажеме тоа, решивме да ги споделиме овие куси, но моќни вистинити приказни за љубовта.

Мали вистински приказни за моќта на љубовта

„Денес, два дена по погребот на мојот партнер, добив букет цвеќиња што тој ми ги порачал пред недела дена. На пораката пишуваше: ‘Дури и ракот да победи, сакам да знаеш дека ти си девојката од моите соништа.’“

„Денес победив на судски случај што траеше многу долго време. Пред 14 месеци, открив дека мојот сосед редовно го тепа своето куче. За да му помогнам, го киднапирав, па бев уапсена за таа постапка. Потрошив многу пари на судењето, но утрово кога се разбудив и ја почувствував топлината на нозете од моето крзнено пријателче, знаев дека вредеше сè!“

„Мојата ќерка се врати од училиште и ме праша каде може да научи знаковен јазик. Ја прашав зошто сака да го стори тоа, а таа ми одговори дека имало ново девојче во нејзиното училиште што било глуво и знаело само знаковен јазик, па нема со кого да разговара.“

„Одбрав погрешен број и наместо да му ја пратам пораката ‘Те сакам’ на сопругот, му ја испратив на татко ми. Неколку минути подоцна добив одговор: ‘Те сакам и јас тебе. Тато.’ Ме погоди во срце. Не знам кога последен пат сме си го кажале ова.“

„Во нашето училиште, како и во секое друго, има девојка која е попопуларна од сите останатите. Таа е неверојатно убава и интелигентна и момците би направиле сè за да го привлечат нејзиното внимание. Но, таа го поминува своето време со само едно момче – нејзиниот брат, со аутизам.“

„Со мојот дедо заедно гледавме некои фотографии и наидовме на стара фотографија од него како танцува на забава со мојата баба, која почина пред неколку години. Тој само ги стави своите раце околу мене и ми рече: ‘Никогаш не заборавај дека само затоа што нешто не трае засекогаш, не мора да значи дека не вреди за твоето време.’“

„15 години работев како советник за воспитување деца. Потоа сретнав едно од децата со кои работев. Тој беше навистина тешко дете, секогаш се вознемируваше и лутеше на животот. Еднаш му нацртав цртеж од Супермен и му напишав порака дека суперхероите никогаш не се откажуваат и секогаш победуваат на крајот. Тоа мало момче сега е пожарникар и спасува човечки животи. Зборувавме околу половина час и пред да се разделиме го отвори својот паричник и ми покажа дека сè уште го чува цртежот од Супермен.“

„Имам дијабетес. Пред 2 години, мојата мајка почина и ја посвоив нејзината мачка, Кит. Неодамна се разбудив во 3 наутро бидејќи Кит седеше на моите нозе, мјаукајќи. Никогаш досега не сум го чула толку гласно и упорно да мјаука. Морав да видам што е проблемот и одеднаш се почувствував многу слабо. Го зграбив мојот мерач на гликоза за да си го проверам нивото на шеќер. Тоа беше паднато до 53, а докторот ми кажа дека нормалните граници се движат од 70 до 120. Подоцна, во болница, ми кажаа дека ако Кит не ме разбудел, можеби никогаш повторно немаше да се разбудам.“

„Големо куче скитник ме следеше од метрото до влезната врата на мојот апартман. Почнав да станувам нервозна. Одеднаш маж со нож изрипа пред мене и ми рече да му го дадам паричникот. Пред да имам шанса да реагирам, кучето го нападна. Тој го фрли ножот и избега. Сега сум безбедна дома, благодарение на заскитаното куче.“

„Неодамна посетив книжара со користени книги и си купив една книга што ми беше украдена додека бев дете. На првата страница ја прочитав пораката од мојот дедо што ми ја подари. Таа гласеше: ‘Навистина се надевам дека по многу години, оваа книга повторно ќе падне во твоите раце и ќе сакаш одново да ја прочиташ.’“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар