Бидете во врска со човек покрај кој ќе се чувствувате безбедно

Бидете во врска со човек покрај кој ќе се чувствувате безбедно

Бидете со некој кој ќе направи да се чувствувате удобно во соба полна со луѓе кои не ги знаете. Некој кој нема да ве напушти и ќе ве чека сѐ додека не бидете целосно опуштени. Бидете со некој пред кој целосно можете да бидете свои, некој кому верувате и можете да му го доверите своето голо тело и своите најдлабоки тајни. Некој покрај кој не треба да се прашувате дали сте направиле грешка доверувајќи му го вашето срце и отворајќи ја својата душа.

Бидете со некој покрај кој ќе се чувствувате безбедно

Бидете со некој до кој ќе можете да се приближите додека гледате хорор филм, затоа што нежноста на неговиот допир ве ослободува од стравот. Некој кој веднаш ќе ве смири така што ќе ви ја допре раката или ќе ве прегрне. Некој што ќе ве потсетува дека сѐ ќе биде во ред додека сте заедно. Бидете со некој што ќе знае како да ве смири кога сте лути или под стрес. Некој што нема да ви дозволи тешките времиња да ве разделат. Некој кој нема да бега од вас кога ќе ги изразувате вашите „најлоши“ емоции, туку напротив, ќе ви се приближува. Бидете со некој со кој ќе се чувствувате безбедно додека се возите, некој кому му верувате кога ќе заспиете и ќе уживате во заеднички поминатите моменти. Бидете со некој кој ќе се грижи дека имате доволно ќебе во текот на ноќта и што ќе ве смирува кога ќе имате кошмари, претворајќи ги во убави соништа.

Бидете со некој кој ќе ве опушта во непријатните ситуации, некој кој ќе ви ја подготвува омилената храна и кој ќе се грижи за вас. Некој на кој ќе можете во кој било момент да се потпрете и да го побарате за помош. Бидете со некој кој никогаш нема да помисли да ве повреди. Некој кој ќе биде исто така повреден кога ќе бидете повредени и вие. Бидете со некој кој се грижи повеќе за вашата насмевка, отколку за својата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар