Луксузни очила, ретро чанта и бели патики: Кои се омилените аксесоари на Кендал Џенер?

Ако за нејзината сестра Ким би рекле дека е кралица на слефи фотографиите и Инстаграм, тогаш за Кендал Џенер слободно можеме да кажеме дека е кралица на модната писта. Таа е еден од најбараните и најплатените светски супермодели и логично е дека секогаш кога ќе се појави на црвениот тепих таа изгледа модерно и елегантно.

Иако за црвениот тепих задолжителен е совршен стајлинг, Кендал Џенер изгледа „топ“ и во лежерните ситуации, кога оди на прошетка или додека го снима своето ријалити „Во чекор со Карадашијан“. Покрај одличната облека, Кендал сака да носи впечатливи и модерни аксесоари, а денес токму тие го привлекоа нашето внимание.

1-luksuzni-ochila-retro-chanta-i-beli-patiki-koi-se-omilenite-aksesoari-na-kendal-dzhener-www.kafepauza.mk_

1. Проѕирни обувки

За многу девојки овие обувки изгледаат чудно и некако неутрално, но кога ќе ги погледнеме на Кендал, веднаш ни се допаѓаат. Всушност, тие може многу лесно да се комбинираат со скоро секоја лежерна гардероба, па воопшто не е чудно зошто овие обувки се едни од омилените аксесоари на оваа позната манекенка.

2-luksuzni-ochila-retro-chanta-i-beli-patiki-koi-se-omilenite-aksesoari-na-kendal-dzhener-www.kafepauza.mk_

2. Луксузни очила за сонце

Стилот на Кендал Џенер е урбан и едноставен. Таа сака необични аксесоари и нешто што не би го носела секоја девојка. Очигледно нејзината цел е да се разликува од другите и таа да ги диктира новите трендови.

3-luksuzni-ochila-retro-chanta-i-beli-patiki-koi-se-omilenite-aksesoari-na-kendal-dzhener-www.kafepauza.mk_

3. Ретро чанта

Овој аксесоар беше популарен пред „100 години“ и главно карактеристичен за мажите, но кога е Кендал во прашање, оваа млада девојка воопшто не се двоуми да стави нешто на себе за кое многу девојки не би се осмелиле. Ваквата чанта е навистина практична за да ги собере најпотребните женски ситници, како што се мобилниот телефон, картичките, клучевите и неколку основни парчиња шминка. Таа е мала и практична, па нема потреба со часови да го барате она што ви е потребно во моментот.

4-luksuzni-ochila-retro-chanta-i-beli-patiki-koi-se-omilenite-aksesoari-na-kendal-dzhener-www.kafepauza.mk_

4. Бели чизми

Кога е Кендал во прашање, нејзин избор се чизмите до глуждови, а не е голем љубител на претерано високите потпетици.

5-luksuzni-ochila-retro-chanta-i-beli-patiki-koi-se-omilenite-aksesoari-na-kendal-dzhener-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да ги дознаете останатите нејзини омилени аксесоари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар