Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Можеби ви изгледа невозможно, но моливчето за очи е многу поефикасно од нормалното моливче за усни. Со помош на моливчето со кое најчесто ги дефинирате вашите очи, вие можете да направите карминот да ви трае цела ноќ.


(1) Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Со оглед на тоа што овој продукт е како восок, секоја боја која ќе ја додадете врз него ќе се залепи и нема да мрдне долг период. Сè што треба да направите е да изберете моливче со боја на кожа и за само неколку секунди ќе имате совршени усни без никакви потешкотии.

1. Нацртајте линија околу вашите усни

(2) Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Најпрво, внимателно обојте ги усните со моливчето, движејќи се по надворешниот раб. Погрижете се да направите мазна и чиста линија. На овој начин ќе ја заробите бојата и таа нема да се размачкува.

2. Прекријте ја целата површина на вашите усни

(3) Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Следниот чекор е пополнување на површината на вашите усни со моливчето за очи во границите кои претходно сте ги исцртале. Целта е целосно да ги прекриете вашите усни за да можете потоа врз нив да нанесете боја.

3. Нанесете кармин и подгответе се да бидете воодушевени

(4) Како со помош на моливче за очи да направите вашиот кармин да трае цела ноќ?

Најинтересниот дел доаѓа на крај. Нанесете го вашиот омилен кармин на истиот начин како што нормално го правите тоа, овој пат прекривајќи ја бојата на моливчето за очи и тој ќе трае долго, долго време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар