Дали треба да користите марамчиња за отстранување шминка?

Дали треба да користите марамчиња за отстранување шминка?

Марамчињата за отстранување шминка се брз и лесен начин да ја извадите од лицето, но не се добра опција за здравјето на кожата. Преку овие марамчиња на кожата може да остане голема концентрација на емулгатор. За осетливите типови кожа, ова може да биде особено непожелно, бидејќи може дополнително да ја оштети и иритира кожата. Покрај тоа некои марамчиња содржат алкохол, а тоа може да придонесе за дополнителни проблеми.

Покрај сите овие работи, за да траат што подолго, тие во себе содржат и конзерванси, како формалдехид, кој влегува во категоријата канцерогени, па затоа е најдобро да ги избегнувате. Нормално, доколку се користат само повремено, како на патувања, во теретана и слично, нема причина да бидете загрижени.

Дали треба да користите марамчиња за отстранување на шминка?

Правила за користење:

1. По употреба на ваквите марамчиња, лицето брзо измијте го со вода за да ги отстраните иритирачките состојки.

2. Избегнувајте да ги користите на пределот околу очите и околу устата, бидејќи тие се најосетливи делови од целото лице.

3. Доколку имате сува или комбинирана кожа, дополнително нахранете ја кожата по користењето влажни марамчиња.

4. Пред да купите, проверете ги состојките. Гледајте да имаат што помала количина на формалдехид или купете ги оние што наместо формалдехид содржат феноксиетанол.

5. Не купувајте парфимирани марамчиња, бидејќи тие дополнително можат да ја надразнат кожата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Reply

    Ц ц ц… веќе човек не знае што чини што не чини да се става на лице

Напиши одговор на Весна Откажи одговор