Македоламбада - фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години

Македоламбада – фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години

Официјалната топ листа на култното скопско алтернативно радио Канал 103, Зависна Листа.Мк, која третира исклучиво македонска музика, овие денови ја прославува 10-годишнината од своето постоење. Во изминатава деценија, листата активно промовира современа, алтернативна македонска музика, што резултираше со поттикнување на досега невиден квантитет и квалитет на домашната сцена. Сцена која е вибрантна, па сепак далеку од очите на мејнстрим Македонија. Оваа сцена заслужува многу повеќе внимание, а доказ за тоа е високиот квалитет на музиката која ја застапува.Македоламбада - фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години„Македоламбада – Хит Парада“ е првото издание со кое започнува прославата по повод јубилејот. Компилирана и смиксана од авторот и продуцент на Зависна Листа.Мк – Александар Гавровски, Македоламбада е фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години, кое се одликува со квалитет вон рамките на она што би го препознале како „македонско“ и ги задоволува и најригорозните музички вкусови. Ова издание може бесплатно да се преземе од веб-сајтот на ПМГ Рекордингс. Уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар